Регион
Од утре Србија целосно се затвора, ова е последната мерка на кризниот штаб
Заврши седницата на кризниот штаб на Србија за борба против пандемијaта на Ковид-19.
Донесени се нови епидемиолошки мерки.
Тоа значи дека, освен продавниците за храна и аптеките, во Србија речиси ништо нема да работи.
„Од утре до понеделник режимот за работа и живот ќе биде како минатиот викенд. Сè се затвора в среда, четврток, петок, сабота и в недела. Нема полициски час“, изјави премиерката Ана Брнабиќ.
По седницата на кризниот штаб, таа најави дека последен пресек на ситуацијата ќе биде направен за викендот.
„Ова е компромисно решение, можете да видите дека долго разговаравме за тоа. Се обидовме да комбинираме три работи: здравствениот систем, економијата и менталното здравје на луѓето“, рече Брнабиќ повторувајќи дека медицинскиот дел бара исто така рок од 14 дена.
Таа исто така посочи дека разговарала за сè со претседателот на Србија, како и за младите што страдаат од голем притисок, но и со министерот за финансии поради економијата, која ќе страда од преземените мерки.
„Очекуваме масовната вакцинација да почне да дава резултати во наредните недели. Ние, се разбира, нема да можеме веднаш да прогласиме победа. Но, ние се обидуваме секој ден да го најдеме најдобриот одговор на кризата во која се наоѓаме“, рече Брнабиќ додавајќи дека единствениот излез од кризата е вакцинацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.