Регион
Отворени сме за сите – грчкиот министер објави кога точно почнува летната сезона
Грчкиот министер за туризам, Василис Кикилијас, денеска најави дека туристичката сезона официјално ќе почне на 1 март, многу порано од лани.
Откако пандемијата на коронавирусот го запре глобалното патување во 2020 година, грчкиот туризам ја претрпе најлошата година во историјата со само седум милиони посетители, кои донесоа приход од четири милијарди евра, пишува „Ројтерс“.
Индустријата, која сочинува една петтина од економијата, почна да закрепнува минатата година кога сезоната, која официјално почна во мај, донесе околу 10,5 милијарди евра приход, многу помалку од рекордот на сите времиња поставен во 2019 година.
„Има голема побарувачка и голема динамика за грчкиот туризам во 2022 година“, изјави министерот за туризам, Кикилијас, во интервју за „Ројтерс“.
Порано отворање на сезоната значи дека хотелите што се затвораат во зимските месеци ќе може повторно да се отворат порано.
Кикилијас, кој беше министер за здравство во екот на пандемијата на коронавирусот, не сакаше да зборува за прогнозите за оваа година, само рече дека ќе биде подобра од 2021 година.
Грција напредна над своите цели за приходи за 2021 година, што тој ги опиша како позитивен знак на оптимизам.
Земјата веќе ги олесни мерките за ограничување на патувањето воведени за борба против ширењето на Ковид-19, а на целосно вакцинираните посетители не им треба негативен тест за да влезат во земјата.
„Грција од денеска е отворена за сите. Но, вистинската сезона, летната сезона, за нас почнува на 1 март“, рече Кикилијас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.