Регион
Писмо со закана за Пленковиќ: „Новичок е лек за предавниците“
Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, добил коверт со бел прав во кој имало и порака со закана за смрт, потврди денес неговата партија.
Агенцијата „Хина“ неофицијално дознава дека текстот на пораката испратена до Пленковиќ, која била во коверт, завршувала со зборовите „а за предавниците, еден од лековите е и новичок“.
„Откако вработените во ХДЗ повикале полиција, тие го зеле пликот со сомнителна содржина, по што е започната истрага“, се вели во соопштението на ХДЗ.
Претходно денеска во Загреб, полицијата уапси и кривично пријави 48-годишен маж кој на 14. октомври објавил порака на „Фејсбук“, во која отворено му се заканувал со смрт на премиерот.
Денеска беше уапсен и 63-годишен маж кој живее во истото село со напаѓачот, Даниел Безук, кој во понеделникот пукаше во полицијата на плоштадот Свети Марко, по што се самоуби.
Полицијата утврдила дека 63-годишникот по нападот зборувал дека мета на Безук бил Пленковиќ и дека и тој самиот размислувал да го убие. Кај него било пронајдено и огнено оружје и експлозив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.