Регион
Поддршка од земјите членки на ЕУ за новата методологија за проширување
Советот за општи работи на ЕУ на состанок во Брисел ја поздрави изменетата методологија на процесот на пристапување во ЕУ и порача дека очекуваат позитивни одлуки во март за да се продолжи со процесот на проширување на Западен Балкан.
„Постои голема поддршка за ангажман за ревидирана методологија, отворање пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија и фокусирање на економскиот развој и владеење на правото во регионот“, рече потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ.
Состанокот на Советот на министрите за општи и европски прашања помина во знак на подготовка за самитот на лидерите на ЕУ во март, кој, меѓу другото, треба да се врати на прашањето на политиката за проширувањето со цел повторно да се обиде да постигне консензус за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
Комесарот за проширување, Оливер Вархељи, ги информира европските министри за предлогот на Комисијата за изменетата методологија за пристапување во преговорите.
Германскиот државен секретар за Европа, Мајкл Рот, кој присуствуваше на состанокот, рече дека официјален Берлин го поддржува овој предлог на Европската комисија.
„Предлогот, од една страна, дава јасна посветеност на перспективата на ЕУ за Западен Балкан, а од друга, јасно се фокусира на основните вредности на Унијата, како што се демократијата, владеењето на правото, помирувањето во регионот и почитувањето на етничките, верските и сексуалните малцинства“, вели Рот.
Министрите за општи и европски прашања повторно ќе се состанат пред самитот на лидерите на ЕУ во март за да ги утврдат препораките што ќе им помогнат на шефовите на државите и владите во расправата за политиката и продолжување на процесот со проширувањето на Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски Индекс.
Новинар и снимател на српски Информер, пристигнале пред куќата на вујкото на Данка каде се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж кој се претставил како вујко на Данка и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ Информер во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за шерот (удел во вкупна ТВ гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето три лица во БиХ, кои на „Тик-ток“ објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа Тикток објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Регион
Два силни земјотреса го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9.12 часот на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува „Катимерини“.
Двата земјотреса беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија, Ефтимис Лекас, на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, а директорот на Геодинамичкиот институт, Атанасиос Ганас, рече дека причината што нема материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.