Регион
Поплави на југот на Србија, евакуирани 34 лица
Специјални тимови за спасување евакуираа 34 лица од поплавени згради од најдодената вода во Лесковац, Бојник и во Бујановац. Градскиот штаб за вонредни состојби на градот Ниш прогласи вонредна состојба поради природна катастрофа предизвикана од синоќешното невреме, е објавено на официјалната веб-страница на градот.
Откако во последните 24 часа наврнаа 55 литри дожд на квадратен метар, Јужна Морава се излеа во Врање. Во Пирот, поради обилните врнежи од дожд, поплавени се приградски и рурални населби, а најкритично е во Рогож, Кавка, селата Темска, Рудињ. По предлог на Штабот за вонредни состојби, претседателот на Општината, Братислав Петровиќ, воведе вонредна состојба во Власотинце поради штетата предизвикана од обилните дождови во претходните два дена.
#vlasotince #poplava https://t.co/LWQLWmjAw9
— VR46?βουζκο Valentino Rossi (@vanjavucko) January 11, 2021
Петровиќ рече дека нивото на водата сега е во стагнација на сите реки во сливот на Власина, но дека последиците се евидентни и дека е потребно да се применат мерки за итна заштита и спасување на населението и материјалните добра.
Тој изјави дека ќе се ангажира дополнителна механизација, ќе бидат евакуирани и згрижени загрозени жители, како и дека ќе се формира комисија за процена на штетата на инфраструктурата, домувањето и помошните објекти и земјоделското земјиште.
Водоснабдувањето сè уште е во прекин, а снабдувањето со електрична енергија е поповолно, се наведува во соопштението. Поради обилните врнежи од дожд и излевањето на реката Власина, од утрово општина Власотинце нема вода, а планинските села останаа без електрична енергија. Во пониските делови на таа општина беа поплавени куќи и дворови, а граѓаните и членовите на штабот за вонредни состојби синоќа дежураа со полициските и противпожарните екипи на многу локации во Власотинце.
Korona, zima, poplave, beznađe, jad i beda 🙁
Može li gore?
* fotografija preuzeta sa fb pic.twitter.com/kLNCuvPaKW
— Ferida Čustović (@BgFerida) January 11, 2021
Од утрово нема вода за пиење бидејќи, како што се наведува, фабриката не може да ја преработи поради заматеноста на реката Власина и целиот нејзин слив. Дотогаш, како што се додава, граѓаните ќе се снабдуваат со вода од цистерни.
Електростопанството на Србија (ЕПС) објави дека сите планински села се без струја, а дел од Власотинце, покрај поранешната фабрика „Беско“, нема и електрична енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.