Регион
Предлогот на Рама за формирање ЗСО во Косово стигна до германската влада
Нацрт-предлогот за статутот на заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, е потврдено за „Косово онлајн“.
Владата во Берлин, сепак, не сакаше да ја коментира самата содржина на тој предлог.
„Можеме да го потврдиме приемот на таков документ. Бараме разбирање дека не сакаме да коментираме за доверливата содржина“, изјави портпаролот на германската влада за „Косово онлајн“.
Рама вчера објави дека на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц им испратил нацрт-предлог за статутот на заедницата на српските општини додавајќи дека не ја разбира неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата на северот, што зазема размери на политичка трагедија за Косово.
Инаку, менаџерскиот тим за ЗСО, кој е овластен со бриселскиот договор да го подготви статутот на ЗСО, го претстави својот предлог за време на последната рунда од дијалогот на највисоко ниво во Брисел.
Тој предлог, сепак, не беше одобрен од косовската влада и од премиерот Аљбин Курти, кој само еден ден подоцна го распушти менаџерскиот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Регион
Багер пристигна пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата го блокира пристапот
Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско Поле, а пред неа пристигнал багер, објави српски „Телеграф“.
Според медиумот, сè уште нема официјални информации зошто е донесен багер, а нивниот репортер јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што пренесуваат, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
Двегодишната Данка исчезна во моментот кога мајка ѝ му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата ѝ била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, првпат во Србија беше ставен во употреба системот „Најди ме“.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и многубројни мештани. По 27 часа, српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.