Регион
Приведени 30 лица во две големи акции на хрватската полиција и Ускок
Во aкција на хрватската полиција и Ускок на подрачјето на Копривница уапсени се десетина лица осомничени дека со увоз и препродажба на поголемо количество нелегален тутун ја оштетиле државата за 50 милиони куни.
За акцијата во Загреб – каде утрово беа уапсени најмалку 20 лица под сомнение дека во изминатите неколку месеци лажно претставувајќи се како полицајци или вработени во банка, со измама зеле пари главно од постари лица – соопшти загрепското Јавно обвинителство. Канцеларијата допрва треба да даде официјални информации.
Властите ги предупредуваат постарите граѓани да не ги отвораат вратите за непознати и да не наседнуваат на измамнички, луцидни и имагинативни приказни кои бараат пари од нив.
„Треба да знаете дека измамниците се обидуваат да ја оштетат потенцијалната жртва повторно и повторно, луцидно и имагинативно, но без сочувство“, велат полицајците и напоменуваат дека, сакајќи да ја придобијат нивната доверба, измамниците најчесто лажно се претставуваат пред жртвите и прашуваат за некаква помош – мал сервис, продаваат предмети или нудат услуги.
Така, тие сакаат да ја придобијат нивната доверба или сожалување со подготовка на терен за влез во нивниот стан и прилагодување на методот и можноста за измама на моменталните околности, проценката на жртвата и можниот ризик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски Индекс.
Новинар и снимател на српски Информер, пристигнале пред куќата на вујкото на Данка каде се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж кој се претставил како вујко на Данка и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ Информер во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за шерот (удел во вкупна ТВ гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето три лица во БиХ, кои на „Тик-ток“ објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа Тикток објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Регион
Два силни земјотреса го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9.12 часот на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува „Катимерини“.
Двата земјотреса беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија, Ефтимис Лекас, на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, а директорот на Геодинамичкиот институт, Атанасиос Ганас, рече дека причината што нема материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.