Регион
Рама: Меркел го поддржува балканскиот мини шенген
Германската канцеларка, Ангела Меркел, го поддржува балканскиот мини шенген и е убеденa дека овој процес ќе добие поголема поддршка, изјави денеска албанскиот премиер, Еди Рама, по средбата со канцеларката.
Рама за албанскиот „Топ ченл“ изјави дека Меркел ја смета оваа иницијатива за многу значајна, како и фактот дека кон неа се приклучиле три држави со цел да биде сеопфатна, и оти се очекува да се придружат и други земји од регионот.
„Иницијативата не е ништо друго, освен спроведување нешто што е веќе договорено за време на берлинскиот процес, што канцеларката го охрабрува и е многу заинтересирана“, рече Рама.
„За жал, во Приштина не сакаат да разберат и ја претвораат оваа тема во полемика за тоа кој е предавник, а кој е патриот“, рече Рама додавајќи дека процесот ќе продолжи со поддршка на ЕУ, Германија и САД.
Премиерот на Албанија исто така како значајно го оцени писмото кое е потпишано за обновување на авиосообраќајот на релација Белград – Приштина за што рече дека е постигнато со силна поддршка на специјалниот пратеник Ричард Гренел.
„Тука станува збор и за обнова на железничкиот сообраќај, што најпрвин го поздравија оние што го поддржуваат и балканскиот мини шенген“, додаде Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.