Регион
Ранет познатиот косовски адвокат Азем Власи, префрлен на Ургентен
Приштинскиот адвокат Азем Власи во понеделникот утрото бил ранет од огнено оружје, потврди косовската полиција.
Неговата сопруга Надира Авдиќ-Власи изјави дека едно лице го ранило Власи во рамото и дека тој се наоѓа во Ургентниот центар на Клиничко-болничкиот центар на Косово и е вон животна опасност.
„Утринава кај него дојде едно лице кое бараше од Азем да го застапува во некој предмет. Азем му кажа дека не работи на таков предмет и потоа дојде, како можев да забележам до туркање, по што се чу истрел. Азем е ранет во рамото„ изјави неговата сопруга.
Азем Власи е во свесна состојба и се подготвува за операција, додаде Надира Авдиќ-Власи. Полицијата соопшти дека е во тек интезивна потрага по лицето кое пукаше во Власи.
Азем Власи, покрај тоа што е адвокат и политички аналитичар, беше истакнат политичар во поранешна СФРЈ./МФ/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Багер пристигна пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата го блокираше пристапот
Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, додека пред неа пристигнал багер, објави српски Телеграф.
Според медиумот, се уште нема официјални информации зошто е донесен багер, а нивниот репортер јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што пренесуваат, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
2-годишната Данка исчезна во моментот кога нејзината мајка му давала вода на друго дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата и била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Abber Alert наречен „Најди ме“.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и бројни мештани. По 27 часа српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.
Регион
Што се случи на денот кога исчезна малата Данка, првата сосетка раскажува
Живанка Трајковиќ од Бањско поле, првата сосетка на семејството Данка Илиќ (2) која исчезна пред три дена, раскажа што се случило на денот кога исчезна девојчето.
– Беше емотивно за сите нас. За сите граѓани. Таткото плачеше, бабата, дедото. Тие беа многу потресени. Луѓето плачеа, плачев и јас. Беше тешко и жално за сите“, вели таа.
Сосетката вели дека семејството на исчезнатото девојче не живее во селото каде што исчезнало, туку дека дедото доаѓа повремено.
-Имаше малку сонце, ветровито – го опишува денот кога исчезна Данка и продолжува:
– Полицијата дојде. Кога слушнав дека девојчето исчезнало, се зачудив. Зошто овде? Како? Мирно е, тивко е… Јас сум првата куќа до нив. Видовме дека има некој во шумата, во нивниот дел, но не обрнавме внимание. Ја работевме нашата работа што ја работевме. И не обрнувавме внимание додека не не праша полицијата. Да, теренот е непристапен. Има дупки, има секакви работи. Некои подземни води, има и поток. Сосема е нелогично каде отиде девојчето. Некој од соседството рече дека ја виделе токму таму пред нашата врата. Таму имаме песок, децата сакаат песок. Сигурно ќе останеше некоја трага. Сепак, не најдовме никаква трага. Ништо не видовме“, рече сосетката.
Регион
Државниот хрватски инспекторат ја повлече чоколадата „кит-кет“ од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе „Индекс.хр“.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.