Регион
Романската влада го преживеа гласањето за доверба
Романската социјалдемократска влада го преживеа во средата гласањето за доверба, којашто го бараше опозицијата од десниот центар.
Романските социјалдемократи повторно дојдоа на власт на изборите во декември 2016 година, цела година откако демонстрантите ги соборија од власт во гневните протести поради смртоносниот пожар во еден ноќен клуб во Букурешт во кој загинаа неколку десетици млади луѓе, за што многумина ја обвинуваа корупцијата и практиката на неказнивост. Владата упорно истакнува дека има намера да оди натаму со оваа реформа на кривичниот законик.
Пратениците од владејачката коалиција на Социјалдемократска партија (PSD) и нивните долгогодишни сојузници ALDE и партијата на унгарското малцинство UDMR, кои имаат 61 отсто од местата во романскиот парламент, се воздржаа од гласањето. За гласање на недоверба на владата, инаку, потребни се 233 гласови или 50 отсто од пратениците.
Романската влада во неделата го повлече контроверзниот указ за декриминализација на одредени дела во врска со корупцијата на политичките и државните функционери, поради што речиси цела седмица низ државата се одвиваа масовни демонстрации, најголеми од оние од 1989 година кога се уриваше комунистичкиот режим.
Романскиот премиер Сорин Гриндеану, чиишто социјалдемократи со сојузниците имаат неприкосновено мнозинство во парламентот, веди дека владата повеќе нема да разгледува слични одлуки „со коишто може да се предизвикаат силни емоции во општеството без вистинска и широка расправа“.
Во текстот за изгласување на недоверба на владата кој го потпишаа 123 членови на опозициските партии се наведува меѓу другото и дека „Романското општество е измамено, а граѓаните се излажани од оние на коишто им ги довериле своите гласови на изборите“.
Ралуца Турчан, челник на Национално либералната партија на десниот центар во текот на парламентарната расправа рече дека „Единственото решение е вашата итна оставка. Морате да платите со своето вработување“.
Извори од Социјалдемократската партија за Reuters изјавиле, под услов да останат анонимни, дека се очекува министерот за правда Флорин Јордаче, кој беше посочен како еден од главните виновници за спорната уредба, подоцна во среда ќе си поднесе оставка.
Романскиот парламент уште треба да га прифати одлуката на владата за повлекување на уредбата за митото, Тоа гласање се очекува кон крајот на седмицава./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.