Регион
Русија е загрижена дека пред изборите во Црна Гора се користи „антируска карта“
Русија е загрижена поради обидите да се користи „антируска карта“ на парламентарните избори во Црна Гора, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Многу сме загрижени поради ситуацијата во Црна Гора непосредно пред изборите за парламент на 30 август. Водејќи се од своите себични, политички и изборни интереси, највисоки црногорски функционери користат конфронтирачки арсенал и свесно поттикнуваат тензии“, се наведува во соопштението, пренесува Тасс.
Како што се наведува, црногорските политичари не се ограничуваат само на напади на домашните ривали, туку повторно ја користат „антируската карта“.
„Москва е обвинета, однапред и без никаква основа, дека настојува да влијае на судирот меѓу црногорските власти и Српската православна црква за да ги оствари своите ‘империјални амбиции’ на Балканот“, се наведува во соопштението.
Министерството потсетува на, како што велат, неоснованите обвинувања за обидот за наводен државен удар во 2016 година.
Министерството изразува жалење дека во Црна Гора станало рутинска навика да се поттикнува антируско расположение непосредно пред големи политички настани и дека Русија се претставува како непријател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.