Регион
Русија: Истрага во врска со нападот на руски државјанин во Косово
Рускиот истражен комитет поведе предистражна постапка во врска со нападот врз руски државјанин во вчерашната акција во Косово. Михаил Красношченков е вработен во Обединетите нации, а од Комитетот наведуваат дека третманот кон него и неговото апсење претставуваат безобѕирно кршење на меѓународното право.
„Рускиот истражувачки комитет поведе истрага за инцидентот во врска со рускиот државјанин Красношчеков“, соопшти прес-службата на Комитетот, пренесе ТАСС.
Во утринските часови на 28 мај, наведува Комитетот, косовската полиција упаднала во северните општини на Косово, каде што живеат српски жители, и, меѓу другите, го уапсила и Красношченков, кој ужива дипломатски имунитет.
Комитетот соопшти дека третманот кон него и неговото апсење од страна на косовските специјални сили претставува безобѕирно кршење на меѓународното право.
Агенцијата пренесе дека истрагата ќе ги опфати сите детали за инцидентот и ќе даде правна процена на акцијата преземена кон Красношченков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Државниот хрватски инспекторат повлече KitKat чоколада од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе Индекс.хр.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето.
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље кај Бор продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно откога е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето што биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето со цел да се утврдат детали, кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата, која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија, кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување малолетно лице.
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто-зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.