Регион
Се истражуваат причините за несреќата со српскиот автобус во Бугарија, возачот е приведен
Тим истражители ќе ги истражува причините за несреќата со српскиот автобус што синоќа излета од коловозот на автопатот Тракија во регионот Стара Загора.
На местото на несреќата синоќа пристигнаа бугарскиот главен обвинител Иван Гешев и неговиот заменик Борислав Сарафов, кој е и директор на Националната истражна служба.
Автобусот доцна синоќа бил отстранет од местото на несреќата. 14 од патниците се примени на лекување во болница, од кои тројца се потешко повредени.
Претходно, БГНЕС објави дека две од децата повредени во синоќешната несреќа со српски автобус на автопатот Тракија во Бугарија, утрово ќе бидат пренесени во болницата во Пирогов во Софија. Повикувајќи се на информации на бугарските власти, медиумот објави дека нема опасност по животот кај ниту еден од повредените. Пациентот со ампутиран екстремитет е во добра состојба и се наоѓа во болницата во Стара Загорје.
Верзиите на кои се работи е грешка на возачот или техничка неисправност на автобусот. Ова го изјави вишиот инспектор Димитар Димитров од секторот „Патна полиција“ при Управата за внатрешни работи – Стара Загора, пренесе БНР.бг.
Возачот на автобусот е приведен. Поведена е предистражна постапка.
Рокот за истрага на инцидентот е два месеца, а против возачот на автобусот денеска ќе биде поднесена кривична пријава.
Според водачот на српската група, Наташа, непосредно пред несреќата, патниците и возачот одморале на бензинска пумпа, но тогаш на еден од постарите патници му се слошило и побарал да седне напред:
„Возачот сакаше да му покаже како да го намести потпирачот за грб од соседното седиште, се наведна на страна и автобусот излета од патот“.
Автобусот вчера тргна за Србија од Сончев Брег, каде децата и нивните водачи биле на фолклорен фестивал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.