Регион
Слави Трифонов: Нема коалиција меѓу ИТН, ГЕРБ и ДПС, ниту ќе има
Нема коалиција меѓу Има таков народ (ИТН), ГЕРБ и ДПС и нема да има никогаш. Ова го напиша првиот човек на ИТН, Слави Трифонов на својот Фејсбук профил.
„Смената на претседателот на Собранието е резултат на неговото кршење на законот. Ако претседателот на Собранието не го почитува законот, дава таков пример дека треба веднаш да биде сменет“, рече Трифонов, пренесе Бгнес.бг.
За оние кои не разбираат, ќе кажам уште еднаш – нема коалиција меѓу „Има таков народ“, ГЕРБ и ДПС. Нема и нема да има, категоричен е лидерот на ИТН.
На неговата изјава претходеше разрешувањето на Никола Минчев од функцијата претседател на бугарското Собрание, кој дојде од владејачката „Промената продолжува“ на премиерот Кирил Петков. „За“ негово разрешување гласаа 125 пратеници, против беа 113, а воздржан беше еден пратеник.
Барањето за негово разрешување беше поднесено од страна на „Има таков народ“, ГЕРБ, ДПС и „Преродба“.
Ова беше протолкувано како ново мнозинство во бугарскиот парламент, а се случува пред најавеното гласање на доверба на владата на Кирил Петков.
„Барањето за мое разрешување е со иста позадина како и барањето за гласање за недоверба на Владата следната недела. Во пленарната седница има ново мнозинство“, рече Минчев.
По гласањето, Петков изјави дека сите што денеска гласале против Никола Минчев покажале дека не се грижат за Бугарија.
„Во овој парламент има ново мнозинство. Се гушкаа – значи целосна непринципиелност, овие луѓе немаат морал“, рече Петков.
Попладнево во Софија се оддржуваат протести за поддршка на Минчев.
„Сега ќе има гласање за недоверба. И ова гласање за недоверба нема да ве разочара. Затоа што ова гласање е еден од чекорите низ кои ќе поминеме. Успеавме да победиме на изборите, но истите тие луѓе не ставија зад сцената. Овој бекстејџ ќе биде отсечен“, рече премиерот Кирил Петков на протестот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.