Регион
Словенија забрани масовен дочек на новогодишната ноќ на отворено
Словенија забрани масовни собири на отворено за време на новогодишната ноќ, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови со задолжителни потврди за ковид и негативни тестови за сите, без разлика на ковид-статусот.
Владата најави епидемиолошка рамка која ќе биде на сила за време на божикните и новогодишните празници и која е многу поблага од лани кога речиси сè беше затворено.
За разлика од минатата година, полноќните богослужби ќе се одржуваат во црквите, но ќе можат да присуствуваат само вакцинирани лица, оние кои преживеале Ковид-19 или имаат негативен тест, пренесе „Хина“.
За време на божикните и новогодишните празници – на 24, 25 и 31 декември, како и на 1 јануари, ќе биде дозволено да се соберат лица од најмногу три домаќинства, под услов претходно да се тестираат сите постари од шест години, соопшти словенечката влада.
Валидноста на брзиот антигенски тест е скратена на 24 часа, а ПЦР на 48 часа.
Во рестораните е дозволена и музика во живо, а гостите ќе можат да се тестираат непосредно пред да влезат во просторот.
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.203 новозаразени со коронавирус, а две заболени лица починале, соопшти словенечкиот Институт за јавно здравје, додека епидемиолозите и покрај подобрувањето на епидемиолошката состојба предупредуваат на внимателност за време на празниците.
„Ситуацијата е подобра и има помалку хоспитализации, но сè зависи од ширењето на вирусот омикрон бидејќи се смета дека е поприсутен отколку што покажуваат анализите“, рече Татјана Лејко Жупанц, инфектолог и раководител на клиниката за заразни болести во Љубљана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.