Регион
Судир помеѓу демонстрантите и полицијата на настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија
Група маскирани демонстранти се судри со полицијата пред Конференциската сала во Солун, каде владејачката партија „СИРИЗА“ одржа настан на кој го претстави договорот за името што Грција и Македонија го потпишаа претхонодно месецов, пишува „Катимерини“.
Навивачите на локалниот фудбалски клуб ПАОК се обиделе да влезат во конференциската сала, но биле запрени од полицијата која употребила солзавец и ги растерала.
Дел од медиумите пишуваат дека демонстрантите претходно ја нападнале полицијата со палки, дрва и камења, а успеале и да ја откорнат металната врата.
На настанот организиран од владејачката партија, планирано е да говорат пратеникот на СИРИЗА од Солун, Триандафилос Митафидис, координаторот за европска политика во СИРИЗА, Јоргос Верверис и професорот по политички науки од солунскиот универзитет Аристотелис, Вермуд Орбаке.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.