Регион
Терорист планирал да го разнесе манастирот Високи Дечани
Албански терорист на Косово планирал да го разнесе манастирот Високи Дечани, а приведено е лице за кое се сомнева дека сакало да го изведе нападот, пренесува „Вечерње новости“.
Весникот наведува дека никој не ги информирал монасите во ова православно светилиште за настанот и дека уапсениот Албанец со иницијали А.И. всушност бил обвинет за грабеж и принуда, иако оштетените лица сведочеле дека тој со месеци ги принудувал заедно да го нападнат манастирот.
Официјалните институции на Приштина се обиделе да ја демантираат поврзаноста на овој настан со тероризмот, но портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџа, не го оспори итниот интерен извештај на косовската полиција од кој оваа поврзаност е јасна.
Манастирот Високи Дечани, единственото српско светилиште во Косово, што и понатаму е под заштита на војниците на КФОР кои го чуваат, е честа цел на албанските екстремисти.
Припадниците на италијанскиот КФОР во 2016 година го осуетија планот на џихадистите да го нападнат манастирот, а српските безбедносни сили дојдоа до сознание дека Високи Дечани и Пеќката патријаршија биле цел за напад и за божикните празници во 2018 година, но дека нападот бил откажан во последен миг.
„Вечерње новости“ наведуваат дека приказната за нападите воопшто не зачудува ако се знае дека Качаник е означен како база за обука на припадниците на Исламска држава, односно за џинадистичка престолнина на Европа. „Њујорк тајмс“ го прогласи Качаник за престолнина на вахабизмот, а во извештајот на Стејт департментот е наведено дека 400 Албанци од Косово војуваат на страната на ИД во Сирија, додека неофицијалниот број е многу поголем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2), за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото, и дека се уште го чека извештајот од обдукцијата на нејзиниот син.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го сокрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за Нова.рс изјави дека никој не дошол кај неа да и каже дека нејзиниот син е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за неговиот погреб.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата се уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие се“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото на детето.
Телото на Данка се уште не е пронајдено.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Регион
Девојка што исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.