Регион
Турција: Судот ја ослободи писателката Асли Ердоган
Судот во Истанбул ги ослободи од притвор истакната писателка Асли Ердоган, лингвистката Неџмие Алпај и поранешниот главен уредник на згаснат весник во четвртокот на почетокот од судењето за тероризам, но истиот ден е уапсен познатиот турски новинар Амет Шик, пренесуваат агенциите.
Асли Ердоган, којашто се презива како и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, но со него не е во никакво сродство, е добитничка на бројни награди и нејзините романи се преведувани на многу јазици.
Од притворот по четири минати месеци со одлука на судот ослободени се писателката Асли Ердоган, лингвистката Неџмие Алпја, а од затвор е пуштен и Зана Билир Каја, поранешен главен уредник на весникот Ozgur Gundem, кој беше згансат во октомври со државен указ под обвинение дека ја ширел терористичката пропаганда на курдските милитанти, пренесуваат агенциите AFP и DPA.
Меѓутоа, овие три влијателни личности не се ослободени вината на судењето коешто започна во четвртокот и не смеат да ја напуштат Турција до завршување на процесот. Обвинението сите ги товари дека се „припадници на терористичка организација“, како и дека соработувале со весникот Ozgur Gundem, и доколку бидат прогласени за виновни им се заканува доживотна затворска казна.
Судот истовремено нареди продолжување на притворот за едно лице од групата од вкупно обвинети кои беа изведени пред него во четвртокот. Следното рочиште е закажано за 2-ри јануари.
Во четвртокот, пак, е приведен истакнатиот турски новинар Ахмет Шик, под сомневање дека ширел терористичка пропаганда, пренесува Reuters повикувајќи се на локалните медиуми.
Шик пишува за дневниот весник Cumhuriyet, еден од ретките уште активни весници кои критички пишуваат за турската влада по обидот за државен преврат од 15-ти јули, на кој владата одговори со масовни чистки и гаснење на медиумите под обвинение дека се поврзани со структурите на исламистичкиот клерик Фетулах Ѓулен кој е во егзил во САД и оти учествувале во поткрепа на неуспешниот обид за пуч.
Меѓународната организација Комитет за заштита на новинарите (CPJ) со седиште во САД, наведува дека најмалку 81 новинар е затворен во Турија, како и дека се згаснати повеќе од 130 различни медиуми од обидот за преврат во средината на јули годинава.
Повеќе од 110.000 јавни службеници, во полицијата, правосудството, армијата и сите нивоа на образованието се приведени, отпуштени од работните места или се суспендирани поради врските со движењето на имамот Фетулах Ѓулен, за кој официјална Анкера тврди дека го оркестрирал обидот за државен удар и бара негово предавање од САД./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.