Регион
Уапсени две лица по убиството на црногорскиот мафијаш во Виена
Австриската полиција го уапси Стефан Вилотијевиќ (23) и уште едно машко лице (29) кои биле заедно на ручек со Владимир Рогановиќ пред да биде убиен на излегување од ресторанот во Виена. 29-годишникот, кој не е повреден во пукањето, бил сослушан прво како сведок, но истрагата и резултатите од сослушувањето го смениле мислењето на полицијата.
„Даде неверодостојна изјава за настанот“, соопштил портпаролот на полицијата, Данијел Фирст. Тој нагласил дека поради тоа во овој момент не може да се исклучи можноста дека на извесен начин тој е поврзан со убиството на Рогановиќ. Полицијата не сакала да даде повеќе информации за да не ѝ наштети на истрагата што е во тек.
Во соопштението на полицијата се наведува само дека уапсениот 29-годишник е поврзан со организиран криминал.
Претходно, министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, реќе дека српската полиција, на барање за помош од австриските власти, проследила информација за едно лице, односно вистинскиот идентитет на едно лице кое имало лажни документи.
Стефан Вилотијевиќ беше ранет во пукањето во Виена, но преживеа. Тој е уапсен по распишана меѓународна потерница, но полицијата не сакала да открие која држава го бара ниту, пак, зошто. Тој сè уште се наоѓа во болница, но под полициско обезбедување.
Рогановиќ, член на озлогласениот Кавачки клан од Котор, Црна Гора, беше убиен во средата. Тој лани бил осуден во Белград на осум месеци затвор поради фалсификување документи. Откако ја отслужил казната бил префрлен во затвор во Подгорица, а бил ослободен пред две недели, поточно на 7 декември, по што избегал од Црна Гора, потврдиле извори од црногорската полиција за „Вијести“. Рогановиќ имал 31 година и статус на црногорски Корлеоне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.