Регион
Условените преговори со ЕУ во Албанија – за едни успех, за други фијаско
Одлуката за условени преговори на Тирана со ЕУ во Албанија е дочекана со различни коментари на власта и опозицијата.
Премиерот Еди Рама е задоволен од одлуката за почеток на преговорите во 2о19 година со дадените услови, но притоа нагласува дека опозицијата во земјата многу негативно влијаела во одлуките на некои од земјите членки на ЕУ. Рама притоа наведува дека лидерот на опозицијата Лулзим Баша директно работел со цел Тирана да не добие зелено светло уште оваа година за преговорите за ЕУ.
Албанскиот претседател Илир Мета бара од двете политички струи во земјата разумно да го анализираат извештајот околу условениот датум на преговорите и додава дека властите треба да работаат во текот на наредните месеци, со цел сосема да ги надминат проблемите кои се наведени во одлуката .
Од друга страна, опозицијата во Албанија извешајот за условени преговори до 2о19 година го коментираат како фијаско на Владата на Еди Рама.
Претседателот на најголемата опозициона Демократска партија, Лулзим Баша изјави дека по овој неуспех јасно е дека Рама потфрлил и треба да си поднесе оставка.
„Сега е време народот да одлучи на власт да дојде опозицијата“, истакнува Баша.
Амбасадорката на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин и американскиот амбасадор во Тирана Доналд Лу, одлуката на Брисел за Албанија ја оценуваат како позитивна и бараат целосно спроведување на реформите во земјата, за Тирана да биде подготвена за преговорите идната година.
Албанските аналитичари оценуваат дека по овој условен извештај за Албанија можни се нагласени политички тензии во текот на летниот период. Според нив, се очекува опозицијата да продолжи со протестите, додека пак власта предводена од премиерот Рама да се обиде со подршка на меѓународниот фактор да се спротивстави директно на големата корупција, криминал и незаконските активности во повеке сфери во земјата.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.
Регион
„Дете не може само така да пропадне во земја“ – соседот на исчезнатата Данка опиша што се случувало кобниот ден
Се вратив од училиште околу 14 часот, а половина час подоцна дојдоа две-три полициски патроли, ги следев да видам што се случува и дознав дека детето го нема. Вака Лука од Бор зборува за моментот кога исчезна девојчето Данка Илиќ (2).
Како што вели, кобното попладне веднаш се приклучил на полицијата во потрага по детето.
„Тука бевме до 22:30 часот. После тоа дојдоа уште дваесет патроли. Следната вечер пристигнаа два-три хеликоптери, како и беспилотни летала за термално снимање и кучиња трагачи. Таму беа бабата, мајката и дедото и малиот брат на Данка. Сите добро ги познавам“ изјави Лука, пренесува „Блиц.рс“.
Тој потсети дека семејството на девојчето живее во Бор и дека дошле во Бањско поле бидејќи таму имаат викендица.
„Се надевам на најдоброто. Се молам на Бога девојчето да е живо и здраво. Отпрвин мислевме дека, не дај Боже, паднала или нешто слично, но нема ништо“, вели соседот на семејството на исчезнатото девојче.
Потоа ја коментираше изјавата на мајката на Данка за исчезнувањето на нејзината ќерка.
„Сите велат дека отишла да земе вода. Детето не можело да пропадне во земја. Кога стигнав, мајката на Данка беше во солзи, како и нејзината баба. Бабата беше навистина потресена. Цел ден плачеше во автомобилот. Вечерта дошла Итната помош и и дала седатив за висок притисок. Подоцна ја однеле во итната медицинска помош“, вели младниот човек.
На прашањето дали мисли дека девојчето можеби е киднапирано, тој вели во тоа верува 100 отсто.
„Ако не е тука, не знам каде би можела да биде. Оваа улица не е прометна. Не знам како се случи“, заклучува Лука.
„Блиц“ потсетува пред фармата на која исчезна девојчето Данка Илиќ (2) во Бањско поле кај Бор, пристигна багер – комбајн за да може полицијата да го расчисти имотот. Во исто време, припадници на МУП повторно ги пребаруваат шахтите и јамите во споменатата населба. Сето тоа со цел да се најдат материјални докази кои ќе помогнат во пронаоѓањето на Данка. Багерот подоцна се преселил на имотот преку улицата, каде што собира дрвја и гранки.
Родителите на исчезнатата Данка Илиќ денеска во текот на денот се приведени во полиција за да го продолжат распитот кој вчера започна во полициската станица во Бор во врска со исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка.
Неколку припадници на полицијата го раскопуваат просторот пред дворот каде девојчето исчезна пред точно два дена. Областа се бара за какви било траги.