Регион
Харадинај: Русија и Путин го отвораат прашањето за границите на Балканот
Отворањето на граничното прашање на Балканот е план на Русија и претседателот Владимир Путин, изјави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.
Тој повтори дека наметнатите 100-процентно зголемени царини на стоки од Србија нема да бидат укинати сè додека на маса не види одлука на Белград за признавање на независноста на Косово.
Како што пренесува приштинска „Коха“, Харадинај рекол дека дијалогот до сега бил користен за да му се наштети на Косово.
„Не сакаме штета од дијалогот. Ќе го вратиме дијалогот без поврзување на тој процес со укинување на таксите, за да постигнеме сеопфатен договор. Но не како договор формиран на основа на промените на границите и териториите“, рекол Харадинај.
Тој тврди дека отворањето на ова прашање е план на Русија и Путин. Според него, никој нема да успее во тоа, бидејќи, како што рекол, тоа би значело трагедија за регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.