Регион
Холандските туристи масовно си заминуваат од Хрватска
По објавувањето на одлуката на холандската влада да ја стави Хрватска на портокаловата листа поради коронавирусот, многу од туристите од Холандија, кои престојуваа во камповите на северот на Истра, си ги спакуваа куферите и си заминаа, пишува „Јутарњи лист“.
Холандските туристи ќе ги продолжат своите одмори во соседните земји за да не мора да се изолираат по враќањето во Холандија.
„Многу холандски туристи си заминаа синоќа. Секако, почна и масовно откажување на аранжманите за наредниот период. Тоа е удар врз истарскиот и хрватскиот туризам од секој поглед затоа што Холанѓаните почнаа полека да се враќаат на почетокот на јули и поголем број туристи од Холандија дојдоа токму овој викенд“, рече директорот на Хрватското здружение за кампување, Адријано Палман.
Тој додава дека викендов влегле 9.537 холандски туристи и оствариле 40.969 ноќевања.
Холандија во вторникот ја стави Хрватска на портокаловата листа поради зголемувањето на бројот на заразени лица, а на Холанѓаните им се препорачува, кога ќе се вратат во земјата, да поминат 14 дена во самоизолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.
Регион
Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“
Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф.
Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.
Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, српската полиција има индиции кои ја одвеле истрагата надвор од местото на исчезнувањето на девојчето, а кон тие траги се упатени полициските единици.