Регион
Хрватскиот министер нареди целосна мобилизација на здравствениот систем
Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, преку својата страница на „Фејсбук“ им се обрати на граѓаните и рече дека наредил целосна мобилизација на здравствениот систем.
„Актуелната состојба со коронавирусот нè принудува сите во здравствениот систем вонредно да се ангажираме, од лекари од примарната здравствена заштита, итната помош, институтите за јавно здравје, до сите болници“, напиша тој на почетокот на својата порака.
„Како министер за здравство наредив целосна мобилизација на целиот систем на јавно здравје во Хрватска. Ова е вистинско време да покажеме целосна посветеност кон нашата професија“, порача Берош на „Фејсбук“.
Во последните 24 часа Хрватска пријави 1.413 нови случаи на коронавирус. 897 пациенти се во болница, од кои 57 се на апарати за дишење. Регистрирани се и 18 смртни случаи.
Хрватските медиуми со денови известуваат дека хрватскиот здравствен систем веќе е пред колапс, а епидемиолозите најавуваат уште поголем број новозаразени лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.
Регион
Избори во Хрватска: На три часа пред затворањето на гласачките места излезноста е 50,6 отсто
Државната изборна комисија во Хрватска објави нови податоци за излезноста до 16:30 часот. На три часа пред затворањето на гласачките места гласале повеќе од 50 отсто од гласачите.
Во моментов на избирачките места има долги редици, голем број граѓани чекаат да ја извршат својата граѓанска должност, јавуваат медиумите.
Изборите ги одбележаа помали инциденти и прекршување на изборниот молк.
Околу 6.000 гласачи денеска не можеа да гласаат бидејќи ги немало во избирачкиот список оти немале важечки лични карти. Но, на сите им била дадена можност да гласаат со издавање на т.н „син“ сертификат.
До 11:30 часот на парламентарните избори во Хрватска излегле 24,18 отсто од гласачите, што е за шест отсто повеќе од изборите одржани во 2020 година.
Ова е втор најголем одѕив по историските избори во 1990 година и независноста на Хрватска.
Денеска во Загреб гласаа главните кандидати за премиер – актуелниот претседател Зоран Милановиќ и актуелниот премиер Андреј Пленковиќ.
Регион
Во Босна и Херцеговина пронајдено петгодишно девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе
Во автобус на граничниот премин Брод босанско-херцеговската полиција идентификувала петгодишно девојче од Германија, жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопшти Обвинителството на БиХ.
„Обвинителот од Одделот за шверц и трговија со луѓе на Обвинителството на БиХ ги координира активностите во соработка со Службата за работи со странци на БиХ и Граничната полиција на БиХ, кои при контрола на стоки и патници на редовните автобуски линии на граничниот премин Брод открија и идентификуваа жртва на меѓународна трговија со луѓе“, велат од таму.
Девојчето патувало на редовна автобуска линија во придружба на странски државјанин. По наредба на обвинител, тој е приведен во Службата за странци на Босна и Херцеговина, а таа е сместена во безбедна куќа.
„Споменатото девојче се наоѓа во базата на лица по кои трагаат меѓународните институции, а обвинителот е во постојана комуникација со надлежното обвинителство и полицијата во Визбаден, Германија. Се преземаат активности за враќање на детето кај мајката“, велат од Обвинителството.