Регион
ЦИА за Србија: Eвтина работна сила, корупција, дрога, перење пари
Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ги објави најновите извештаи за земјите ширум светот.
Во извештајот за Србија се вели дека главните фактори за поволен економски раст на Србија се економските реформи и стратешката локација на државата.
Во извештајот, објавен од страна на ЦИА, како поволни фактори се наведени и „релативно евтина и квалификувана работна сила” и договорот за слободна трговија со ЕУ, Русија, Турција и земјите членки на Централноевропскиот договор за слободна трговија.
Како големи економски предизвици, ЦИА го издвојува стагнираните приходи на домаќинствата, потребата да се создадат нови работни места во приватниот сектор, структурните реформи на државните претпријатија, реформи во јавниот сектор.
Другите предизвици беа обележани со неефикасен правен систем, високо ниво на корупција и стареење на населението. Во извештајот на ЦИА се споменува и дека Србија е „точка на претовар“ на хероин од Југоисточна Азија до Западна Европа, и дека има економија „чувствителна на перење пари”.
Во поглавјето од извештајот за меѓународни прашања стои дека Србија протестира поради тоа што САД и другите земји ја признаа независноста на Косово. Во извештајот се наведува дека неколку илјади мировните сили предводени од НАТО под времената административна мисија на ОН во Косово и понатаму настојуваат да одржат мир помеѓу „албанското мнозинство и српското малцинство во Косово.”
Во однос на трошењето на одбранбената програма на армијата, според извештајот на ЦИА, Србија се наоѓа на 85. место од 153 земји во светот, кои се најдоа на листата, а исто така се додава дека во однос на тоа прашање пред неа се Хрватска на 91. место, додека Црна Гора е на 64. место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.