Регион
Црна Гора подготвена за туристи за претстојните празници
Црна Гора е подготвена за туристи веќе за празниците, а во општина Бар туристичката сезона почна пред десетина дена со подобрите временски услови, но и со првите пристигнувања на спортските тимови за подготовки.
Претседателот на општина Бар, Душан Раичевиќ, рече дека, покрај спортските екипи, во последните денови се забележани и поголем број туристи, како и дека има најави за пристигнување туристи од Србија за време на претстојните празници.
Една од главните причини за тоа, додаде тој, е што на српските граѓани не им е потребен ПЦР-тест или потврда за вакцинација за влез во Црна Гора.
„За нас, туристичката сезона почна пред десетина дена имајќи предвид дека поволното време создаде услови за тоа и подобрувањето на спортската инфраструктура за почетокот на подготовките на спортските тимови“, изјави Раичевиќ пред новинарите од Србија во Бар.
Тој посочува дека Бар веќе десет дена е домаќин на српската атлетска репрезентација.
Угостителските објекти работат, но во однос на епидемиолошките мерки – келнерите носат маски и на секоја маса има шише за дезинфекција, а за разлика од Србија, во Црна Гора е можно да се пие или да се вечера до 23 часот.
Во Црна Гора е полициски час од полноќ до пет наутро и не е дозволено излегување.
„Ер Србија“ вчера објави дека ги зголемува своите капацитети за патување меѓу Србија и Црна Гора со воведување дополнителни летови и повеќе од 3.000 дополнителни места до Тиват и Подгорица за време на празниците Први мај и Велигден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.