Регион
Членови на црногорски криминален клан уапсени во Париз со кокаин во вредност од 2,5 милиони евра
Црногорски државјани, наводно членови на нарко-клан, биле уапсени во Франција со 69 килограми кокаин во вредност од околу 2,5 милиони евра, дознава подгоричкиот весник „Вијести“.
Според информации објавени во францускиот дневен весник „Ле поинт“, петмина црногорски државјани биле уапсени во акција на париската полиција, вклучувајќи и една жена. Како што е соопштено, четворица од уапсените биле од Котор, а нивниот курир кој ја пренесувал дрогата од Шпанија до Франција по потекло бил од Подгорица.
Неофицијалните информации до кои дошол весникот „Вијести“ укажуваат на тоа дека уапсените биле членови на Кавачкиот криминален клан, а три лица кои биле дел од потесното раководство на кланот успеале да побегнат.
Француски „Ле поинт“ објави дека организирата криминална група од Црна Гора со месеци била под истрага од страна на Централната канцеларија за борба против организираниот криминал (OCLCО) и Националната единица за борба против разбојништво и шверц (BNRBT), под сомнение за шверц на оружје. Француските инспектори во најстрога тајност ги следат активностите на црногорската криминална група, која често оперира на подрачјето на Париз, Шпанија и Балканот.
Повикувајќи се на извори од истрагата, францускиот весник пишува дека лицето што ја пренесувало дрогата било пресретнато од страна на инспектори од OCLCО на 9 мај годинава, при што тие веќе имале сознанија дека од Шпанија ќе се врати со автомобил полн дрога.
Полициските возила направиле барикада во Париз и го сопреле возилото во кое биле пронајдени 69 пакувања кокаин.
„Службите буквално го расклопиле неговиот автомобил. По неколку часа, скриени во подот, биле пронајдени 69 вакумирани пакувања кои содржеле бел прашок. По проверката, полицијата добила потврда дека станува збор за 69 килограми чист кокаин“, пишува „Ле поинт“. Вредноста на запленетата дрога се проценува на 2,5 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.