Регион
Ѓукановиќ: Српската православна црква нема посебни права во Црна Гора
Црна Гора не се откажува од потпишувањето договор со СПЦ, кој мора да биде во согласност со уставниот и правниот систем на земјата, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ додавајќи дека СПЦ нема посебни права во Црна Гора.
„Договорот не е императив на СНП, тој е во интерес на секоја одговорна влада, вклучително и на ДПС, како и претходната влада. Единствено, императив е договорот да биде во согласност со уставниот и правниот систем на Црна Гора, а не во согласност со митоманските толкувања на Српската православна црква дека тие имаат некои посебни права. Тие немаат никакви посебни права“, изјави Ѓукановиќ во интервју за Радио Црна Гора.
Тој е сигурен дека државите нема да потпишат договори, кои, како што рече, ги замислува СПЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Наскоро ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ чијашто партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска објави дека наскоро ќе се знае со кого ќе формираат Влада.
„Одлично е чувството, 3-та победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високата излезност не и’ одговара на ХДЗ, “, изјави Пленковиќ.
„Многу наскоро ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Се оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, додека „Риека Правде“ на СДП добива 42 мандати.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.