Регион
Ѓуриќ: Ако е тоа ставот на ЕУ за Косово, сѐ е бесмислено
Шефот на канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ реагираше на изјавата на шефицата на канцеларијата на ЕУ во Приштина, Наталија Апостолова.
„Нејзината изјава претставува директен удар врз преговарачкиот процес. Таа недвосмислено го напушта и напаѓа принципот на статусна неутралност, повикувајќи ги земјите членки на ЕУ, кои ја немаат признаено косовската независност, да го направат тоа“, изјави Ѓуриќ.
Истакна дека e факт оти шефицата на Канцеларијата на ЕУ на Косово дала поддршка за резолуцијата на приштинските власти, во кои тие бараат преговорите да бидат нужно диктирани, за како резултат да изнудат независност на Косово.
„Со тоа се обесмислува можноста за воење на преговори, се онемозжува да се дојде до одржливо решение. Доколку ова е став на ЕУ, тогаш со таквиот став се губи смислата на преговорите и напуштен е статусот на неутралност“, рече Ѓуриќ.
Додаде дека со оваа изјава, Апостолова застанала на страната на Приштина, па ако е тоа во име на ЕУ, тогаш се е бесмислено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Атина во густ облак од прашина и песок од Сахара
Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, феномен кој е проследен со особено високи температури.
Воздухот во градот треба да се подобри од утре наутро, велат метеоролозите.
„Во пролетта, март-април, циклоните, кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег, носат прашина кон источниот Медитеран. Типична песочна бура со домет од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони, објаснува директорот на грчката метеоролошка служба Теодорос Колидас.
Главниот град често се наоѓа на патот на тие песочни бури, но оваа година беше проследен со особено високи температури, поради што е речиси невозможно да се дише.
Во центарот на Атина на 27 март беа забележани 25,3 степени Целзиусови, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степени, истакнаа грчките метеоролошки служби.
Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи на населението, особено луѓето кои страдаат од астма, да избегнуваат „непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки“.
„Африканската прашина носи честички кои можат да се интегрираат со полен, бактерии и габи, создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем“, предупредува здружението.
Регион
Родителите на двегодишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ сè уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации што не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата, во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција“, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.