Регион
„Њујорк тајмс“: Балканот не е подготвен за голем земјотрес
Експертите сметаат дека балканските земји не се подготвени за следниот голем земјотрес, се наведува во текстот „Лекции од албанскиот земјотрес – Балканот не е подготвен за голем земјотрес“ што го објави „Њујорк тајмс“.
Од Букурешт до Софија и на Балканот, голем број влади не успеаја да ги решат ризиците што ги претставуваат зградите кои би можеле лесно да се срушат ако дојде до силен земјотрес, се вели во статијата.
Њујоршкиот весник потсетува на земјотресот на 26 ноември во Албанија со јачина од 6,4 степени, во која загинаа повеќе од 50 луѓе, а повеќе стотини останаа без покрив над главата.
„Трагедијата испраќа јасно предупредување за регионот кој беше погоде од многу посилни земјотреси во минатото, а експертите сметаат дека балканските земји не се подготвени за следниот голем земјотрес“, се наведува во текстот.
Според експертите, властите во регионот го поттикнале градежниот бум по ’90-тите години, кога безбедносните стандарди беа често менувани во потрага по брз профит. Како резултат на тоа, милиони луѓе живеат во домови за кои е малку веројатно дека ќе издржат силен земјотрес.
Основачот на првата романска невладина организација „Ре:Рисе” специјализирана за намалување на сеизмичкиот ризик, Метју Сумбасаку, вели дека само во Букурешт постојат 349 структури со висок ризик, кои веројатно би се урнале во случај на силен земјотрес. Станува збор за станбени комплекси и други згради кои би претрпеле големи штети.
Од софискиот Универзитет за архтектура, градежништво и геодезија велат дека Бугарија е можеби поподготвена од некои други земји во регионот за силни земјотреси, но изразуваат загриженост поради новоизградените згради.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.
Регион
За европските избори во Хрватска беа пријавени 25 листи, осум помалку од 2019 година
Државната изборна комисија (ДИК) до крајниот рок доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година.
Во недела на 9 јуни ќе се одржат избори за Европскиот парламент во Хрватска, а ќе се изберат 12 европратеници со мандат од пет години.
Со поднесување на списокот и официјално започнува изборната кампања која ќе трае до 7 јуни кога ќе започне изборниот молк.
Европските избори во Хрватска се втор изборен циклус годинава, по парламентарните избори одржани на 17 април, а на крајот на годината ќе се одржат и претседателските избори.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.