Контакт

Регион

Протест на новинарите на ХРТ

Објавено пред

Група од стотина новинари од Хрватската радиотелевизија (ХРТ) протестираа во петокот изразувајќи незадоволство од состојбите во таа медиумска куќа.

Групата беше предводена од повеќе познати новинари и уредници како Денис Латин, Александар Станковиќ, Роберт Зубер, Ѓуро Томљеновиќ, Зоран Шпрајц, Ана Јелиниќ и Петар Влахов.

Поголемиот дел од новинарите носеа ленти на устата, а снимателите имаа врзано бела хартија на рацете, како симбол дека на државната телевизија има цензура и дека не им е дозволено слободно да говорат.

Мирниот протест се одржа во дворот на зградата на телевизијата, пред почетокот на седницата на Програмскиот совет на ХРТ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

Објавено пред

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска банда од 30 члена. Истрагата за групата која била предводена од 37-годишната Србинка започнала пред два месеца, пишуваат медиумите.

Причина за покренување истрага бил пожар во куќа во местото Оливела, Барселона. Причината за пожарот биле нелегални електрични инсталации кои, како што било откриено, снабдувале насади со марихуана.

Наскоро било утврдено дека куќата, како и другите на периферијата на Барселона, ја изнајмила родилката од Србија со нејзиниот партнер. Во изнајмените куќи, како што било откриено понатаму, Србинката направила цела мрежа на лаборатории (или плантажи) во кои одгледувала марихуана.

Извршени биле 19 претреси при што се запленети 12.600 растенија.

Работниците на насадите биле претежно српски државјани. Повремено таа носела нови работници, а старите ги враќала во Србија за да не предизвика сомнеж. Дел од нив имале лажни хрватски и словенечки пасоши.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 30 новозаболени од коронавирус, еден починат

Објавено пред

Според последните информации, во Србија се регистрирани 30 нови случаи на коронавирус, а едно лице починало.

Во последните 24 часа биле тестирани 5.268 примероци, а 1.120.363 од почетокот на епидемијата.

Хоспитализирани се 279 лица, а на респиратор се приклучени 20 пациенти.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија ја заострува политиката кон азилантите, во затворите стотина шверцери на луѓе

Објавено пред

Во словенечките затвори има стотина уапсени организатори на илегална миграција, а сегашната влада ќе ја заостри својата политика кон барателите на азил бидејќи тоа најчесто се злоупотребува, објави во понеделникот министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс.

Хојс изјави дека досега во Словенија се регистрирани од 10 до 11 илјади нелегални гранични преминувања, но дека по апсењето, само петтина од нив ја изразиле својата намера да побараат азил во Словенија, а 70 проценти од нив го напуштаат домот за азиланти пред да биде завршена постапката.

Според него, тоа значи дека повеќето од нив се одлучуваат повторно да се обидат да се пробијат до крајните посакувани дестинации на северот или западот на Европа, а не да бараат азил во Словенија.

Бидејќи ова прашање не е решено со новиот предлог на пакетот за миграција на Европската комисија, Словенија најверојатно ќе им забрани на барателите на азил да го напуштат центарот за азил додека трае постапката, а парламентот набргу ќе донесе одлука за новиот закон за странци, со кој построго ќе се дефинира што е тоа право на азил, наведе, меѓу другото, Хојс.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет11 час

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет11 час

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија12 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија13 часа

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија17 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија17 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион18 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет18 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет19 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија20 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион21 час

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија21 час

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија22 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија1 ден

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија1 ден

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион1 ден

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет1 ден

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет2 дена

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ2 дена

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Досие