Регион
Додиќ: Дејтонскиот договор е единствена основа за опстанок на БиХ
Претседателот на Република Српска Милорад Додиќ по повод 15 годишнината од потпишувањето на мировниот договор во Дејтон со кој се заврши војната во БИХ оцени дека секое „отпакување на Дејтон“ ќе доведе до „отпакување на БиХ“.
„Дејтонскиот договор е единствена можна основа за постоење и опстанок на БиХ. Неуспешните обиди за изменување на само еден анекс од таа спогодба покажува со колкава внимателност истиот бил напишан. Отпакувањето на Дејтонскиот договор, е отпакување на БиХ“, наведува Додиќ во соопштението за медиумите.
Тој предупредил дека драстичната измена на уставот на земјата која се најавува за следната година би можела да го доведе во прашање постоењето на самата држава БиХ.
Додал дека досегашните измени на тој договор биле како резултат на одлуките на канцаларијата на високиот меѓународен претставник што според зборовите на Додиќ, дополнително ја отежна ситуацијата во БиХ.
„Интервенцијата на високиот претставник ги намалува изгледите за постигнување консезус во самата држава.Во бројните случаи високиот претставник постапуваше само како инструмент на едната страна и политика. Тоа на никој не му е од корист, туку на штета на сите, а особено на напредокот на БиХ“, образложува Додиќ.
Со Дејтонскиот мировен договор кој на 21 ноември 1995 година го парафираа тогашните претседатели на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ, на Хрватска Фрањо Туѓман и на Србија Слободан Милошевиќ, официјално е завршена војната во Босна и Херцегововина која траеше повеќе од три години.
ДМД содржи 11 анекси кои ги покриваат воените, политичките и цивилните страни од мировниот договор, како и оние за стабилизација на регионот.
Со Договорот БиХ стана самостојна држава составена од два главно автономни ентитети , муслиманско-хрватска федерација, наречена Федерација БиХ и една малку помала мини држава на Босанските Срби, наречена Република Српска. Во него, исто така, беа одредени меѓународните, како и границите меѓу ентитетите. Уставот на БиХ беше вклучен во ДМД, како Анекс 4./крај/хн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.