Контакт

Регион

Намален кредитниот рејтинг на осум грчки банки Атина

Објавено пред

Агенцијата за кредитен рејтинг Мудис денес го намали кредитниот рејтинг на осум грчки банки, со негативна прогноза, само по два дена откако претходно го намали рејтингот на државата Грција

Како причина за намалување на рејтингот агенцијата ја наведува се поголемата веројатност за реструктуирање на грчкиот долг. „Ако во најлош случај дојде до реструктуирање на државниот долг, грчките банки би биле директно погодени со тоа„, наведува Мудис. Во групата на осумте банки влегуваат Националната банка на Грција (мнозинскиот сопственик на Стопанска банка Скопје во Македонија), ЕФГ Евробанк, Алфа банка (присутна и во Македонија), АТЕбанк, Атика банк, Емпорики, Геники и Пиреус банк.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Објавено пред

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од петок ќе почне полициски час кој ќе трае до понеделник, соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој кажа дека од понеделник ќе се одлучува какви мерки ќе бидат преземани понатаму во врска со карантинот.

Вучиќ рече дека во Србија денеска бил најтешкиот ден од почетокот на епидемијата со 13 смртни случаи.

„Во овој момент имаме 120 луѓе на респиратори. Во Белград, сосотојбата е алармантна“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека во моментов се хоспитализирани 4.000 пациенти со коронавирус.

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 299 нови случаи, а тестирани се 8.287 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 69 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 69 нови случаи на коронавирус, што е нешто помал број отколку во последните денови.

Во моментов има 897 активни случаи. Меѓу нив, 90 пациенти се во болница, од кои пет се на респиратор.

Министерот за здравство, Вили Берош, за РТЛ изјави дека најголем проблем биле семејните собири од каде најмногу се шири вирусот.

„Во моментов имаме евидентирано дека семејните собири се проблем, како што беа ноќните клубови пред десетина дена и потоа презедовме мерки кои дадоа резултати. На маса има многу мерки, ќе ги примениме како и досега во моментот кога мислиме дека е време“, рекол Берош.

Тој додал дека кога сите би се придржувале до мерките – физичка дистанца и одржување хигиена, не би се разговарало за мерки.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Објавено пред

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите случаи денеска во Грција.

Во последните 24 часа во Грција регистрирани се 43 нови случаи на коронавирус и ниту еден смртен случај. Од новозаболените 36 се туристи.

Како што соопшти Националната организација за јавно здравје, од 43 новозаразени, 36 се откриени на граничниот премин Промахонас, од кои 20 се од Србија и 16 од други земји.

Грција ги затвори границите за влез на српските туристи, а така ќе остане до 15 јули кога одлуката повторно ќе биде разгледана.

По оваа одлука, на граничниот премин од раните утрински часови чекаа стотина српски државјани, кои со часови беа заробени на границата меѓу Грција и Бугарија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион9 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија10 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион12 часа

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија13 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија13 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија13 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија14 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет15 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија15 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет17 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион18 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија18 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет19 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет19 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија1 ден

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија1 ден

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет1 ден

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион1 ден

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија1 ден

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Досие