Регион
Рускиот амбасадор во Србија го напуштил безбедносниот форум
Рускиот амбасадор во Белград, Александар Конузин денеска, откако со повишен тон на учесниците на безбедносниот форум им упати цела низа критики во врска со Косово, демонстративно го напуштил собирот.
Рускиот амбасадор во Белград, Александар Конузин денеска, откако со повишен тон на учесниците на безбедносниот форум им упати цела низа критики во врска со Косово, демонстративно го напуштил собирот.
Говорејќи на „Белградскиот безбедносен форум“, Конузин, незадоволен од текот на дискусијата, започнал со критики поради тоа што не се зборува за актуелниот проблем на северот на Косово и запрашал:„Има ли во салава Срби?“.
Конузин изјави дека никој од учесниците не го споменува тоа што, според него, НАТО и КФОР во моментов ја кршат резолуцијата на ОН 1244 за Косово со тоа што на границата со Србија на северот на Косово имаат намера да донесат косовски цариници.
Со тврдење дека меѓу учесниците на форумот нема никој кој ги брани интересите на Србија, рускиот амбасадор порача дека на посебна седница на Советот за безбедност на ОН, на која српските интереси ќе ги бранат Русија и српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.
По говорот, кој траел 15 минути, рускиот амбасадор налутено го напуштил форумот, на кој учествуваат повеќе од 300 функционери од Србија и од европските држави, претставници на ЕУ и на НАТО, научни институти, граѓански друштва, парламентарци и новинари. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.