Регион
Србија и Црна Гора со различни ставови околу двојното државјанство
Шефовите на дипломатиите на Србија и Црна Гора, Ивица Дачиќ и Игор Лукшиќ оцениле дека двете земји имаат суштински различни ставови во однос на прашањето за двојното државјанство, пренесува Танјуг.
Двајцата министри оцениле дека по ова прашање ги исцрпиле сите можности за постигнување на компромисно решение.
Дачиќ изјавил дека не е можно да се најде компромисно решение по ова прашање и дека Србија ќе продолжи да дозволува двојно државјанство, за разлика од Црна Гора, што по него е целосно легитимно.
Тој објаснил дека во светот има земји и со едната и со другата паркса и дека за ова прашање претходно разговарал и со црногроскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
„За да дојдеме до практично решение, потребна е целосна релаксација на нашите односи“, изјавил Дачиќ, додавајќи дека ова прашање веќе две до три години не е предмет на разговорите меѓу двете држави, бидејќи имаат целосно различни ставови.
Црногорскиот министер Лукшиќ пак, објаснувајќи ја позицијата на Црна Гора, рекол дека малите земаат имаат поригорозно законодавство во однос на прашањето за двојното државјанство.
Дачиќ и Лукшиќ истовремено оцениле дека односите на двете земји се неспоредливо подобри отколку пред неколку години и дека треба да се насочат кон остварувањето на заедничките интереси, меѓу кои се и европската интеграција и соработката во областа на економијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.