Регион
Свобода: Србија на крајот ќе мора да го признае Косово
Признавањето на Косово не е услов во постапката на пристапување на Европската унија, но Србија мора да ги прифати фактите и да го признае пред да стане членка на Унијата.
Ова го вели шефот на пратеничкиот клуб на социјалистите во Европскиот парламент Ханес Свобода во интервју за новосадскиот дневен весник Дневник објавено во неделата.
„Признавањето на Косово на крајот мора да се случи, меѓутоа тоа не е никаков услов за во постапката за пристапување на Европската унија. Меѓутоа, пред Србија да стане членка на ЕУ, секако ќе мора да го признае Косово“, вели Свобода, сугерирајќи дека сека во прв ред важно е да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„За самата Србија и било добро да ги прифати фактите“, истакнува шефот на пратеничката група на европските социјалисти .
Оценува дека Србија веќе во 2013 година би можела да добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, со услов да ги стиши радикалните струи коишто би можеле да претставуваат пречка за тој процес.
Свобода дава забелешки за српската влада дека засега не ги влече потезите што можат да охрабрат и оценува дека „неодамнешната одлука за забрана за одржување на Парадата на гордоста„докажува дека таа не е приврзана на европските вредности“.
„Сепак, и натаму важи принципот дека Србија има право да преговара. Меѓутоа, континуираното флертување со Русија, како сигнал де ЕУ не е за Србија единствениот партнер, не е многу од полза,. Имам свои сомневања но на крајот, за мене сепак најважни се делата, повеќе отколку изјавите“, му порачува Свобода на српското раководство./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
За европските избори во Хрватска беа пријавени 25 листи, осум помалку од 2019 година
Државната изборна комисија (ДИК) до крајниот рок доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година.
Во недела на 9 јуни ќе се одржат избори за Европскиот парламент во Хрватска, а ќе се изберат 12 европратеници со мандат од пет години.
Со поднесување на списокот и официјално започнува изборната кампања која ќе трае до 7 јуни кога ќе започне изборниот молк.
Европските избори во Хрватска се втор изборен циклус годинава, по парламентарните избори одржани на 17 април, а на крајот на годината ќе се одржат и претседателските избори.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.