Регион
Ештон ги повика Дачиќ и Тачи на состанок за спроведување на договорот
Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, ги повика во вторникот доцна попладнето премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ односно Хашим Тачи, на состанок во Брисел на 21-ви мај на кој ќе разговараат за спроведување на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина кој беше парафиран на 19-ти април.
„Ги повикав премиерите Дачиќ и Тачи на состанок следната седмица, на 21-ви мај во Брисел, за да разговараме за заедничките чекори што треба да ги преземат во врска со спроведувањето на априлскиот договор. Брзото спроведување е од клучна важност и се радувам на разговорот со двајцата премиери”, се наведува во соопштението на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.
По потпишувањето на договорот во Брисел на 19-ти април, се одржаа два состанока на работните групи кои требаа да го договорат спроведувањето на постигнатиот договор, меѓутоа изостана напредокот, а двете страни меѓусебно се обвинуваа за неуспехот на тие разговори. Поради тоа, Ештон донесе одлука да ги повика премиерите на Србија и на Косово за на највисоко ниво се дојде до напредок во преговорите.
Постигнатиот договор предвидува автономија за заедницата српските општини во северниот дел од Косово, каде што Србите се речиси стопроцентно застапени, меѓутоа во рамките на косовските институции. Тоа не го прифаќаат косовските Срби и изјавија дека нема да го спроведуваат.
Напредокот прво во договарањето на оваа спогодба а сега и неговото спроведување е клучниот услов за напредувањето на Србија и Косово во европските интеграции. Србија очекува дека челниците на Европската унијана нивниот самит во јуни ќе одредат датум за почетокот на пристапните преговори, а Косово очекува да добие одобрување за почетокот на преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.