Регион
Турција сé уште не го одблокирала пристапот до Twitter
Турската исламско-конзевративна влада до четвртокот сé уште не ја укинала забраната за пристап до социјалната мрежа Twitter, и покрај одлуката на Уставниот суд и притисоците од САД, турската опозиција и корисниците на оваа мрежа.
Во одлуката објавена минатата среда, турскиот Уставен суд оцени едногласно дека забраната на Twitter претставува кршење на уставното право на слободен говор, и нареди итна деблокада на пристапот до оваа мрежа.
Американскиот Стејт департмент итно ја повика Анкара да ја укине оваа забрана.
„Сметаме дека забраната треба итно да биде укината, а ако постои одлука на судот, тогаш сметаме дека таа треба итно да биде спроведена, односно што поскоро”, изјави Мари Харг, заменик портпарол на Стејт депарментот, додавајќи дека турските власти не треба да го забранат ниту пристапот до YouTube, што беше направено ден по забраната за Twitter.
Турските власти го оневозможија пристапот од социјалната мрежа Twitter на 21-ви март, следејќи ги наредбите на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој порача дека е одлучен во својата намера да ги спречи секојдневните обвинувања на интерент, вперени против неговиот режим.
Претставник на Партијата на правдата и развој (АКР) изјави дека оваа одлука на судот најверојатно нема да може веднаш да се примени.
„Пресудата се однесува на три индивидуални жалби на Уставниот суд. Ние ќе ја разгледаме”, изјавил претставникот на оваа партија, Мустафа Сентоп, за телевизијата CNN-Turk./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.