Регион
Во Србија сменети шефовите на пет полициски управи
Српскиот премиер Александар Вучиќ ги смени во петокот сите шефови на петте управи на полицијата на тамошното министерство за внатрешни работи незадоволен од борбата против криминалот.
По попладневната седница на Советот за национална безбедност на Србија, премиерот Александар Вучиќ изјави дека би бил сменет и актуелниот директор на српската полиција, Милорад Вељовиќ, но оти за тоа немало правни предуслови. „Денеска и Вељовиќ ќе беше сменет да не беше избран на конкурс, не затоа што е виновен, туку од морални причини“, изјави Вучиќ на прес-конференција по седницата појаснувајќи дека барал резултати во борбата против нарко-картелите „но луѓето во министерството за внатрешни работи повеќе ги интересираа некои внатрешни работи“, пренесува Танјуг.
Вучиќ појаснил дека одлуката за смените на високите полициски функционери следела согласно иницијативата на министерот за внатрешни работи и со согласност на директорот на полицијата, а до именувањето на новите личности на овие позиции, нивната должност ќе ја извршуваат замениците на досегашните началници.
Српскиот премиер истакнал дека „на владата нема да и’ наредува (обвинетиот како нарко бос кому му се суди за шверцување на кокаин) Дарко Шариќ, како ниту (еден од осудените како водач на криминална група) Љубиша Буха Чуме“. „За жал, многумина влегоа во борбата меѓу Чуме и Шариќ, но Србија во тоа нема да учествува“, истакнал Вуќиќ, отфрлајќи ги како измислици наводите според коишто за ткн „Земунски клан“ и врските на Шариќ со врвот на српската полиција во таблоидите ги пласирал Љубиша Буха Чуме.
Вучиќ порачал дека „Србија ќе биде нормална, пристојна и уредена земја во којашто полицијата ќе се грижи за граѓаните, а не за политиката“, како и дека „нема да има воздух во Србија“ за оние коишто „ги извалкале рацете со криминал, кои се до гушата во корупциските афери“. „Убеден сум дека ќе успееме да работиме уште подобро и повеќе, луѓето да се чувствуваат сигурно и дека во 2018 година ќе ја извршиме работата и ќе можеме да кажеме дека сме подготвени за Европската унија“, истакнал српскиот премиер.
На прес-конференцијата на премиерот Александар Вучиќ и’ претходеше обраќањето до нацијата на српскиот претседател Томислав Николиќ кој во програмата на јавниот сервис Радиотелевизија Србија (РТС) побара смени и реформи на полицијата, истакнувајќи дека со борбата против криминалот не е задоволен ниту самиот тој како шеф на државата, ниту владата ниту граѓаните на Србија.
Истовремено, и владејачката Српска напредна партија (СНС), најави дека и врвот на партијата, од којашто потекнуваат и премиерот Вучиќ и претседателот Николиќ, „ќе дискутира за актуелната политичка ситуација во земјата“.
Белградските електронски медиуми во петокот коментираа дека големите смени во српската полиција следат по повеќедневната кампања во медиумите и јавните шпекулации за смените на високите полициски функционери.
Медиумите во Србија со ситуацијата во самиот врв на полицијата се занимаваат по неодамнешните обвинувања дека Дарко Шариќ, кој се смета за шеф на моќен нарко клан, дека пријател на еден полициски генерал го „создал Земунскиот клан“, како и на забелешките на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ дека „постои нервоза на безбедносно-медиумските структури во Србија“, коишто наводно, „потсетуваат на атмосферата од 2003 година“, кога во атентат беше убиен српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, за што се обвинети лица од српското подземје припадници на ткн Земунски клан./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.