Регион
Албанија од политиката ќе ги исфрла лицата со криминално минато
Главните политички партии во Албанија се усогласија од јавните функции да бидат отстранети лицата кои имаат криминално минато, што според оцените на тамошните коментатори, нема да биде лесно да се стори во земјата во којашто често се испреплетуваат патиштата кон политичката и криминалната моќ.
Една година откако владејачките социјалисти и опозициските демократи, на повиците на САД и на Европската унија, постигнаа начелен договор за споменатиот предлог закон, пратениците во четвртокот го потврдија законот кои ги опфаќа сите лица коишто се осудувани во Албанија или во странство. Во изминатите 25 години од албанската транзиција од комунистичкиот кон парламентарната демократија, политичките партии често се потпираа на локалните криминални моќници за да обезбедат гласови во замена за политички отстапки, но никогаш како сега толку голем број лица со проблематично минато не влегоа и во самиот парламент.Неколкумина пратеници и градоначалници од коалицијата предводена од социјалистите на премиерот Еди Рама, кој е на власт од пред две години, се поврзуваат со криминални активности. Еден веќе го понуди својот мандат на располагање, тврдејќи дека е невин. Меѓутоа, албанскиот парламент конечно беше присилен да дејствува, откако во септември еден пратеник беше обвинет дека во полициска станица пукал во членови на семејство поради право на риболов во еден залив на брегот. За среќа, во инцидентот немаше загинати.Опозициската Демократска партија, којашто минатата година го прекина бојкотот на работата на парламентот под услов споменатиот предлог закон да биде изгласан, потегот на пратениците го прогласи за своја победа. Законот ќе биде потврден во декември со неколку уставни измени, неопходни за тој да може да стапи на сила.„Договор со криминалот како политичко оружје е најлошиот и смртоносен за дејствувањето на правната држава и демократијата“, изјави опозицискиот пратеник Едуард Халими, поранешен министер за правда.Министерот за внатрешни работи, Самир Тахири, ги повика двете партии да не застанат на овој закон, туку со заеднички напори да ја започнат реформата на правосудството, што е едно од клучните барања на Европската унија, на чие членство претендира Албанија./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.