Регион
Албанските навивачи се закануваат со немири доколку Морина не биде ослободен
Екстремистичките навивачки групи во Албанија во четвртокот побарале ослободување на Исмаил Морина, албанскиот навивач кој минатата година на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија управуваше со дрон кој слета на теренот и предизвика немири, пренесуваат српските медиуми.
Екстремистичките навивачки групи во Албанија во четвртокот побарале ослободување на Исмаил Морина, албанскиот навивач кој минатата година на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија управуваше со дрон кој слета на теренот и предизвика немири, пренесуваат српските медиуми.
Фудбалските фанови се заканиле дека доколку тој не биде ослободен, тие ќе предизвикаат големи безредија во Тирана. Заканите и барањата биле испратени до албанските медиумите преку електронска пошта, а ослободувањето на Морина, попознат под прекарот „Балиста“, го очекуваат најдоцна до 18 часот.
Заедно со Морина биле уапсени уште три лица кои биле со него во автомобил, во кој било пронајдено оружје. Порталот News 24 објавил дека албанското министерство за внатрешни работи е запознаено со овие закани и дека „случајот се истражува“.
Екстремистичките групи навеле дека им е жал поради тоа што „нивниот брат Балиста“ бил уапсен, и тоа го толкуваат како „малверзација на антиалбанските кругови, српската УДБА, Рама и многу други“.
„Им даваме до знаење на државната полиција, Самир Тахири, Еди Рама, Арманд Дука, дека на српската репрезентација, нашиот доживотен непријател, ќе ѝ приредиме величествен дочек, каков што и заслужуваат нашите непријатели. Колку и да мислите дека сте презеле доволно мерки за денешниот дочек на ‘Шкиите’, денеска светот ќе види дека ние сме Албанци и дека нас никој не може да нé гази“, било наведено во мејлот, заедно со слоганот „само етничка Албанија, само голема Албанија, смрт или слобода, црвената бригада“.
Инаку Исмаил Морина беше уапсен во ноќта меѓу вторникот и средата во Тирана, поради нелегално поседување пиштол „застава и шест куршуми“, соопшти албанската полиција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.