Регион
Amnesty International треба да плати 32.000 евра за незаконски отказ
Општинскиот управен суд во хрватската престолнина Загреб ја објави во средата неправосилната пресуда со којашто Amnesty International Hrvatska (AIH) во стечај на поранешниот вработен Един Тузлак мора ди му исплати 240.900 куни, или 32.000 евра, поради неисплатените плати во периодот од 2010 до 2012 година бидејќи незаконски му бил даден отказ.
Според образложението во пресудата, Тузлак, има право на надомест на платата за време на прекиот на работата и платата којашто би ја остварил во тој период, имајќи предвид дека прекинот на работниот однос во 2010 година настапил на основа на незаконска одлука на Amnesty International Hrvatska (AIH), што е потврдено со пресуда од е загрепскиот Жупаниски (Окружен) суд, пренесува агенцијата Hina.
Пресудата е донесената две години откако над оваа организација за заштита и промоција на човековите права беше отворен стечај, бидејќи остана без извори на финансирање и е можеше да ги извршува своите финансиски обврски. Поради ограничениот буџет, но и поради финансиските и правните проблеми, раководството на Amnesty International кон крајот на 2012 година донело одлука за престанување на давање неповратни средства на AIH, кој тогаш имаше директорка и двајца вработени, од кои и Един Тузлак.
Amnesty International работеше во Хрватска од 1993 година. Хрватската филијала на оваа меѓународна организација е основана во 1994-та и ја финансираше од странски донатори, од централата, но и од членарини и поддржувачи за кои се проценува дека ги имало помалку од 4.000./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.
Регион
Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“
Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф.
Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.
Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, српската полиција има индиции кои ја одвеле истрагата надвор од местото на исчезнувањето на девојчето, а кон тие траги се упатени полициските единици.