Регион
Анкара ја оправдува вонредната состојба, дерогирана конвенцијата на ЕУ за човекови права
Вонредната состојба во Турција е воведена со цел да се избегне можен втор воен преврат, изјави во четвртокот турскиот министер за правосудство Бекир Боздаг, додека истовремено земникот премиер Нуман Куртумлуш објави дека привремено ќе биде ставена вон сила Европската конвенција за човековите права.
Зборувајќи пред пратениците во турскиот парламент, министерот за правосудство Бекир Боздаг рече дека граѓаните нема да почувствуваат никаква промена во своите животи во текот на вонредната состојба, како и дека тоа нема да има негативно влијание на економијата и инвестициите.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави во средата вечерта воведување вонредна состојба, наведувајќи дека тоа на властите ќе им овозможи да дејствуваат побрзо и поефикасно во изведување пред лицето на правдата на оние коишто се одговорни за неуспешниот обид за воен преврат од ноќта на 15-ти јули.
Во меѓувреме во разни сектори се случуваат отпуштања и апсења на голем број лица, а се споменува бројката од 50.000, а во прв ред станува збор за војската, полицијата, правосудството, образованието и медиумите на кои многу им е одземена лиценцата за работа, пренесува агенцијата DPA.
Западните земји изразуваат „оправдано стравување“ дека обидот за пуч всушност му послужило на турскиот претседател за систематско чистење на неподобните, особено во светлината на фактот дека тој веќе подолго време има намера да спроведе промени во турскиот устав и да го зацврсти своето владеење со воведување на претседателски систем.
Заменикот турски премиер Нуман Куртумлуш во меѓувреме изјави дека Турција поради воведувањето на вонредната состојба ќе го дерогира, односно ќе го стави вон сила Европската конвенција за човекови права.
„Турција ќе ја суспендира Европската конвенција за човековите права во мера која не ги загрозува нејзините меѓународни обврски, како Франција тоа го стори со членот 15 од Конвенцијата“, по атентатите од ланскиот 13-ти ноември, рече Куртумлуш, кого го цитира агенцијата Anadolu.
Ваквото ставање вон сила на Конвенцијата ја штити Турција од можните осуди за нејзино нарушување во времето додека се спроведуваа широкото „чистење“ во сите сфери на општеството по пропаднатиот обид за воен пуч, толкува агенцијата AFP.
Куртумлуш за турската телевизија NTV изјави дека вонредната состојба во Турција би можело да биде укината и претходно, по еден или еден ипол месец. Според него, структуралните и индивидуално грешки во разузнавачките служби се случиле во текот на обидот за удар. Рече, исто така, дека се работи и на реструктуирање на армијата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.