Регион
Анталија претворена во бункер во очекување на самитот на Г20
Полицајци распоредени на секои 50 метри, најнови модел од летачки радари AWACS и патроли на морето покажуваат дека турските власти ги применуваат најголемите мерки за безбедност во очекување на почетокот на самитот Г20 во недела и понеделник во летувалиштето Анталија, откако минатиот месец во двојниот самоубиствен бомбашки напад на главната железничка станица во главниот град Анкара беа убиени 102 луѓе и повеќе стотици беа ранети.
Повеќе од 12.000 турски полицајци и џандари се распоредени на 24-часовно дежурство за обезбедување на 13.000 лица кои ќе го учествуваат, го организираат или ќе го следат самитот, меѓу кои се најавени и рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Барак Обама. Ќе присуствуваат и претставници на меѓународни финансиски и хуманитарни организации, деловни луѓе и 2.500 акредитирани новинари.По должината на триесетината километри пат од аеродромот до Белек, каде што ќе се одржува самитот, на секои 50 метри стражари по еден полицаец. Во зоната се поставени повеќе од 350 надзорни камери со вградени системи за регистрирани на возилата и за препознавање лица.Само лица со акредитации може да влезат во „црвената зона“ каде има 30 хотели наменети за сместување на учесниците во кои прозорците се заменети со блиндирани стакла.Секторот постојано е и ќе биде надлетуван од ултрамодерни летачки радари, според туrските медиуми, ловците „F-16“ се на готовс, подготвени да интервенираат доколку биде потребно. На море, пак, ќе патролираат бродовите на крајбрежната стража. „Ако даде Господ, ќе бидеме домаќини на самитот со најмалку можни пропусти“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Турската полиција изминатите седмици спроведе опсени операции на приведувања на лица кои се осомничени за врска со радикалните групации, по терористичкиот напад од Анкара од 10-ти октомври, кој ѝ се припишува на екстремната сунитска група Исламска држава.Дополнително безбедносните мерки се засилуваат по терористичкиот напад од петокот навечер во Париз со најмалку 120 мртви, кој Турција остро го осуди велејќи дека „тоа не се само напади врз францускиот народ, туку и против човештвото, демократијата, слободата и универзалните вредности“.„Теророт нема вера, нација и нема вредности. Тероризмот е злосторство против човечноста“. Турција тесно соработува со Франција и другите сојузнички земји во борбата против тероризмот…, и одлучно ќе се бори против нив“, соопшти кабинетот на премиерот Ахмет Давутоглу./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче
Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во Бањско поле и рано утринава започнале детално пребарување на просторот околу куќата пред која исчезнало двегодишното девојче.
Екипите се состојат од 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила и едно куче.
Припадниците на српската полиција во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување, информираат од Министерството за внатрешни работи на Србија.
Што правеа багерите вчера околу куќата од каде што исчезна Данка
Вчера околу куќата каде исчезна Данка во Бањско поле имаше два багери.
Според Телеграф.рс, багерите првенствено работеле на расчистување на теренот бидејќи куќата била опкружена со депонија, па полицијата за полесни претреси го расчистува просторот од гломазен и друг отпад.
„Сечат дрвја и го отстрануваат отпадот бидејќи околу куќата има депонија“, јави репортер од местото на настанот.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Бугарија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 8:38 часот по локално време, на четири километри од Девин, на длабочина од девет километри.
🔔#Earthquake (#земетресение) M3.8 occurred 6 km SW of #Devin (#Bulgaria) 4 min ago (local time 08:38:05). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/MSdvNiasPN
🖥https://t.co/ycq6JSIzuY pic.twitter.com/jACmTRndoJ— EMSC (@LastQuake) March 29, 2024
Речиси половина час пред овој земјотрес Бугарија ја погоди потрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.
Забележан е во 8:09 часот по локално време.
Во 08:42 часот е регистриран и трет земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка, родителите во фокусот на полицијата
Четврти ден од потрагата по малата Данка, двегодишното девојче кое исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во приградската населба Бањско Поле, во близина на градот Бор, во Србија. Мајката раскажала како Данка исчезнала од дворот на семејната куќа додека одела да му даде вода на постарото дете. Родителите биле сослушани во полиција, а на мајката и бил одземен мобилниот телефон.
Полицијата завчера околу 17:30 часот го прекина претресот на теренот.
„Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“, соопшти полицијата.
Родителите на Данка вчера цел ден биле во полиција на распит. Полицијата ги разделила и спиеле во различни куќи. Багери, полицајци и пожарникари пристигнаа околу куќата каде исчезна девојчето, сечеа дрвја околу куќата и го исчистија просторот и копаа. Досега полицијата сослушала повеќе од 50 лица.
Синоќа се појави вест дека тројца мажи се уапсени во Босна и Херцеговина. Според медиумите, тие на Тикток објавиле дека имаат информации за исчезнувањето на Данка и барале пари во замена за оваа информација. Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека еден од нив рекол дека Данка е во неговиот подрум. Како што се дознава, тие на распитот рекле дека само се шегувале.
Зошто полицијата е фокусирана на родителите?
Јавноста беше заинтригирана од фактот што полицијата толку многу се фокусираше на сослушувањето на родителите на Данка. Така Милош и Ивана Илиќ, родителите на Данка, вчера речиси цел ден и ноќ го поминаа во полициска станица на информативен разговор.
„Првиот дел од потрагата покажа дека немало ад хок исчезнување на девојчето. Вториот дел од потрагата сега е фокусиран и е многу посериозен во однос на собирање податоци за тоа кој би можел да биде мотивот зад исчезнувањето“, рече за српски Блиц, Братислав Тимотијевиќ, пензиониран инспектор на криминалистичката полиција во Ниш.
Затоа полицијата сега детално ги проверува сите околности на пријавата на мајката за исчезнувањето на Данка, се што се случило помеѓу времето на исчезнувањето на Данка Илиќ и доаѓањето на првите полициски патроли, како и сето она што тие патроли пронашле при пристигнувањето во Бањско поле.
Познавачите напоменуваат дека тоа што полицијата ја проверува изјавата на мајката, дека нејзиниот мобилен е испратен на анализа и дека таа и нејзиниот сопруг двапати биле интервјуирани во полиција, не значи дека некој од нив или некој во потесното семејството е осомничен или обвинето за било што. Деталните проверки на членовите на потесното семејство се вообичаени во такви случаи и може да доведат до постоење на поединечни лица.
„Мора уште еднаш да се провери сè за да се увериме дека навистина нема траги дека девојчето некаде исчезнало и дека е веројатно во тој дел. Сите прашања се отворени, сите можности се во фокусот, секој детал мора да се истражи. Ништо не може да се остави настрана или лесно да се прифати“, вели Тимотијевиќ.