Регион
Баросо: Пристапувањето на Србија кон ЕУ добро напредува
Претседателот на Европската комисија на заминување Жозе Мануел Баросо оцени во неделата навечер во Белград дека процесот на пристапување на Србија во Европската унија оди со добро темпо благодарејќи на посветеноста на преговарачкиот тим и порача дека Србија може да смета на поддршката од ЕУ во натамошниот евроинтеграциски процес.
Претседателот на Европската комисија. Жозе Мануел Баросо, кој претходно во Белград имаше средна со премиерот Александар Вучиќ, доцна вечерта се сретна и со претседателот на Србија Томислав Николиќ, а на заедничката прес конференција истакна дека економските реформи , борбата против криминалот и корупцијата, како и реформата на јавната управа се „важни за Србија независно од пристапувањето во Европската унија“.Николиќ од своја страна истакна дека Баросо „дојде во посета на идната членка на ЕУ“ и дека на гостинот од Брисел му укажал на ставовите на Србија по сите прашања за коишто Белград и Брисел немаат иста позиција, ветувајќи дека Србија ќе настојува да го намали бројот на таквите прашања. Нагласи дека „Србија има своја политика“, но дека во интерес на своите граѓани настојува да ја вклопи во пошироката политика во светот.Српскиот претседател во контекстот на дијалогот меѓу Белград и Приштина нагласи дека секоја земја, како членка на Обединетите нации има право на заштита на своите граници, па од тоа не се откажува ниту Србија.Николиќ се заблагодари на ЕУ на помошта за Србија во текот на мајските катастрофални поплави, а Баросо најави донаторска конференција во Брисел за собирање помош за санација на штетите од поплавите и во Србија и во Босна и Херцеговина.Баросо претходно во неделата се сретна со премиерот Александар Вучиќ, при што беше истакната заедничката оцена дека влезот на Србија во ЕУ е од двостран интерес, но пред владата во Белград ѝ претстои реализација на уше бројни реформи.Баросо во текот на посетата на Србија го посети и Обреновац, градот кој беше најтешко погоден од поплавите, разговараше со челниците на српската опозиција, со новиот лидер на Демократската партија, Бојан Пајтиќ и првиот човек на Новата демократска партија, Борис Тадиќ./крај/мф/сн
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.