Регион
Бата Живоиновиќ починал во сон, останува симбол за „Братство и единство“
Легендарниот српски актер, Велимир Бата Живоиновиќ по долго боледување почина во неделата вечерта во 22.45 на осумдесет и двегодишна возраст, додека спиел во белградската болница „Свети Сава“. Српските медиуми коментираат дека останува симбол на „Братството и единството“.
Покрај него немало никој од членовите на семејството, а за неговата смрт ги известие рано утрово.Познатиот актер пред две недели беше примен во болницата „Свети Сава“, а во последните денови неговата состојба била стабилна, иако примал трансфузија и силна терапија.На почетокот на јули 2012 година доживеа тежок мозочен удар од којшто се опорави, во 2006 година имаше срцев удар, а боледуваше и од гангрена, којашто во неколку наврати ја лечеше во Куба, каде живее неговата ќерка.Последните неколку месеци се опоравуваше во својот дом со сопругата и внуката Дина. Но, пред неколку недели состојбата повторно му се влоши, па беше хоспитализиран и му беше ампутирана ногата.Тоа што му била ампутирана ногата му го продолжило животот за неколку недели. Иако потоа состојбата му била стабилна, сепак синоќа ја изгубил битката со животот.Живоиновиќ има одиграно најмногу улоги во целиот регион, а во светот е познат по улогата во филмот „Валтер го брани Сараево“, филм којшто доживеа мегапопуларност во Кина.Роден е на 5 јуни 1933 година во селото Корачица, во близина на Белград. Како петнаесетгодишник работел како сценски работник и бил статист во Академскиот театар „Бранко Крсмановиќ“ во Белград. Потоа завршил средно актерско училиште во Ниш и Нови Сад и се запишал на театарска академија во Белград. Во белградскиот драмски театар играл неколку години и во тој период имал и до 300 ангажирања годишно. На филмот, на кој се посвети потполно, дебитирал во 1955 година во „Песна од Кумбара“. Според него, првата значајна улога ја добил во 1957 година во филмот „Воз без возен ред“. Имал улоги во повеќе од 340 филмови и ТВ серии. Публиката го памети по улогите во партизанските филмови снимани во шеесетите и седумдесеттите години, Валтер во „Валтер го брани Сараево“, филмовите „Битка на Неретва“ и „Козара“. Играл во антологиските филмови на српската кинематографија „Мајсторот и Маргарита“, „Собирачи на перја“, „Три“. Имал улоги и во неколку лесни комедии. Добитник е на наградата за животно дело „Славица“, два пати добил „Златна арена“ на Југословенскиот филмски фестивал во Пула и бројни други признанија. По воведувањето на повеќепартискиот систем во Србија, избран е за пратеник од Социјалистичката партија на Србија во неколку парламентарни состави, а во 2002 година беше и кандидат за претседател на Србија од оваа партија, кога освои 120.000 гласови. Тој е еден и од основачите на Филмскиот фестивал во Сопот. Оваа година му беше доделана наградата за животно дело./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.