Регион
Белград: Сослушан осомничениот Србин за шпионажа во полза на Хрватска
Осомничениот за шпионажа во позла на Хрватска, кој беше уапсен во петокот во Србија, е сослушан во неделата во Вишото јавно обвинителство во Белград и за него е побаран притвор, за што ќе се одлучува до крајот на денот.
Обвинителството покренало истрага против, како што наведуваат белградските медиуми 57-годишниот Чедо Чоловиќ, кој е осомничен дека шпионирал во позла на Хрватска и е побарано да му биде одреден притвор. Станува збор, како што наведуваат медиуми за лице со двојно српско и хрватско државјанство по потекло од Дрниш во Далмација, кое како поранешен припадник на распаднатата Југословенска народна армија (ЈНА) пота бил офицер на ткн војска на самопрогласената Република Српска Краина во текот на војната во Хрватска. Обвинителството наведе дека тој до првите 1990-те години живеел и работел во Хрватска, по што местото на престој му било во Србија.
Осомничениот, кој во Србија дошол по операцијата „Бура“ на хрватските безбедносни сили со кои беа протерани паравоените сили на книнските Срби и голем дел од населението, бил уапсен бидејќи наводно се подготвувал да пребегне во Хрватска, бидејќи му било дојавено оти е откриен.
Во еден напис се наведува дека хрватските служби го врбувале, и оти нивната понуда ја прифатил во замена за гаранции дека против него во Хрватска нема да биде покренато обвинување за наводно воени злосторства.
По сослушувањето, обвинителот на судијата по претходна постапка на Вишиот суд во Белград му предложил да се одреди притвор за Чоловиќ, поради опасност од бегство, можно влијание врз сведоци, и да го повтори кривичното дело, за коешто според Кривичниот законик на Република Србија е предвидена казна затвор од 3 до 15 години, а доколку се утврди дека станува збор за тешки последици за државната безбедност, економската или воена моќ на земјата, најмалата предвидена казана е 10 години затвор.
Коментирајќи го овој шпионски скандал, поранешниот директор на српската Воено-безбедносна агенција (ВБА), Момир Станковиќ, изјави за белградските медиуми дека треба да се утврди кои податоци ги открил осомничениот, и кои му биле помагачите, бидејќи „станува збор за откривање цела мрежа осомничени“. Стојановиќ за белградска Политика оцени дека во овој момент односите меѓу Србија и Хрватска се многу сложени и оти ова пасење сигурно нема да придонесе за нивно нормализирање.
„Доколку работите на некој случај индикативен по шпионска активност, тогаш апсењето следува кога за тоа ќе се создадат услови. Имајќи предвиде дека последните 15 години, барем колку што мене ми е познато, не сме имале ситуација наши воени или цивилни служби да пресечат шпионска активност на странски разузнавачки служби, како поранешен припадник на службата ова апсење го доживувам охрабрувачки, доколку тоа го навестува расположението на српските служби за безбедност конечно да се занимаваат со она поради што и постојат“, вели Стојановиќ во разговорот за Политика.
„Меѓутоа, доколку апсењето е насочено на маркетиншки и други дневнополтички цели, тогаш тоа е лош потег“, предупредува Стојановиќ.
Според него, а како што и претходните денови пишуваа белградските медиуми, јавна тајна во Србија е дека лица коишто живеат на територијата на Србија а се по потекло од ентитетот Република Српска или од Хрватска, „се изложени на активности и агресивност на хрватските разузнавачки служби“, имајќи предвид дека патуваат за да ги посетата своите имоти или да решат други статусни и имотни прашања,
„Јавна тајна е дека голем дел од нив минуваат низ информативни разговори, уцени и закани за да работата за хрватските разузнавачки служби. Некои не се согласуваат на тоа, а некои се уценети. Уапсениот веројатно е уценет со некои докази кои му ги предочиле додека бил командант на боиштето“, оценува Стојановиќ кој е уверен дека зад активностите на хрватските разузнавачки служби воопшто на Балканот редовно стојат интересите на германските разузнавачки служби.
Хрватското министерство за надворешни работи и во неделата повтори на медиумски барања дека не добило никакво официјално известување од Србија дека е уапен хрватски државјанин под обвинение за шпионажа, и оти хрватскиот државен врв нема сознанија дека лицето уапсено во Србија било поврзано со некоја хрватска служба.
Веста за апсењето на наводниот хрватски шпион, што е ударна вест од петокот навечер во српските медиуми, се случува во период на многу затегнати дипломатски односи меѓу Белград и Загреб, поради тоа што хрватската страна се противи на српскиот закон за универзалната надлежноста со кој може судски да се гонат хрватски дела за кривични дела сторени на хрватската територија против хрватски државјани и од српско потекло./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.