Контакт

Регион

Билт: Изјавата на Јункер за проширувањето на ЕУ е погрешна

Објавено пред

Изјавата на номинираниот претседател на Европската комисија(ЕК) Жан-Клод Јункер дека во следните пет години нема да има проширување на Унијата можеби е точна, но испраќа погрешна порака ако само тоа имал да го каже за проширувањето, рече во петок во Дубровник шефот на шведската дипломатија Карл Билт.

 

 

„Таа изјава е погрешна и би морала да се поправи“, рече Билт на вториот ден од Кроација Форумот на панелот „Иднината на проширувањето на ЕУ“.

 

Билт изрази загриженост заради две работи: забавувањето на реформските процеси во земјите од регионот, проследено со голема невработеност, како и отсуство на стратешка перспектива по прашањето околу проширувањето внатре во Унијата.

 

„Ако нема проширување ќе имаме безбедносни ризици, а ќе се соочиме и со големи ризици во поглед на глобалната веродостојност на ЕУ“, заклучи Билт. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Објавено пред

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19.

Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран рекорден број на новозаболени од почетокот на пандемијата.

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани 140 нови случаи на заразени со Ковид-19, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 1.088 лица. Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на коронавирус, досега се евидентирани вкупно 3.672 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 118 починале, а 2.466 заздравеле. Вчера Хрватска имаше регистрирано 116 случаи на новозаболени.

Здравствените власти во Босна и Херцеговина јавија за рекордни 316 случаи на заразени, што е зголемување во споредба со еден ден порано, кога беа регистрирани 310 новозаболени.

Нови 93 случаи, шестмина оздравени и четворица починати, е билансот од последното деноноќие за состојбата со Ковид-19 во Албанија.

„Од направените 420 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 93 од нив, што е највисока бројка од појавата на панедмијата на почетокот на март, од кога се направени 31.933 тестови“, велат од албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Состојбата со денови е алармантна и во Србија каде пред два дена имаше 266 новозаразени, а денес бројката изнесува 345.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 345 новозаразени, починаа 12 лица

Објавено пред

Во Србија потврдени се 345 нови случаи на ковид-19, а во изминатото деноноќие починале 12 лица.

 

Како што соопштија српските медиуми, направени биле 7.032 тестирања.

Во моментов на респиратор се 139 пациенти.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Објавено пред

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот „Аја Софија“ во Истанбул и неговото претворање во џамија, изјави портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас.

„Грција ги осудува овие чекори и ќе стори сé што е можно за Турција да ги сноси последиците. Секој што го крши меѓународното право треба да разбере дека постојат болни санкции за такво кршење“, рече Пецас.

Тој истакна за „Скај ТВ“ дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „направил историска грешка“ и додаде дека треба да се очекува развој на настаните во наредните денови.

Вчера, Ердоган потпиша указ за претворање на Аја Софија во џамија. Оваа уредба ја отповика одлуката на турските власти од 1934 година овој храм да се претвори во музеј.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија4 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ5 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион5 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија5 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион6 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија10 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија11 час

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија11 час

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија11 час

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија12 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија12 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион23 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет1 ден

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион1 ден

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија1 ден

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Досие