Регион
Бројката жртви по потонување на брод во Босфор се искачи на 24
Седум лица се спасени од страна на турската крајбрежна стража , додека 24 тела од кои едно бебе се извадени во понеделникот од водите на Босфорскиот теснец по потонувањето на брод во кој најверојатно имало имигранти, објавуваат турските медиуми.
Седум лица се спасени од страна на турската крајбрежна стража , додека 24 тела од кои едно бебе се извадени во понеделникот од водите на Босфорскиот теснец по потонувањето на брод во кој најверојатно имало имигранти, објавуваат турските медиуми.
Како што пренесува агенцијата Dogan повикувајќи се официјалните претставници на спасувачката операција, повеќе од жртвите се деца. Според досегашните сознанија, со бродот се превезувале меѓу 30 и 40 имигранти.
Официјално кабинетот на гувернерот на Истанбул засега потврдува дека се извадени четири тела а пет луѓе се спасени од бродската хаварија која се случи крај малото селото Румели Фенери, на сливот меѓу Босфорот и Црното Море, пишува весникот Hurriyet.
Седум пловила на турската крајбрежна стража, хеликоптер и посебен тим нуркачи се вклучени во операцијата за спасување. Нив и м помагаат и локалните рибари.
„Ветрот многу ја отежнува нашата задача. Станува збор за многу мал брод, но во него имало околу 40 лица. Видовме дека тела на деца лебдат на површината од морето“, изјавил за весникот Али Сарухан, од тимот спасувачи.
Според сознанијата, имигрантите најверојатно се упатиле кон Романија. Засега нема информации од каде потекнуваат настраданите, но познато е дека многубројни имигранти од Африка и Блискиот исток преку Турција влегуваат во Европската унија, патувајќи во несигурни и пренатоварени бродови.
Босфорскиот теснец е еден од најпрометните поморски премини на светот и клучна рута за извоз на руската нафта и други стоки, како и единствениот излез од Црното Море кон светските океани.
Во текот на годинава десетици бродови потонаа во Егејското и во Средоземното Море, како и во Босфор. Пред два месеца брод носејќи 82 имигранти беше спасен од турската крајбрежна стража во близина на северниот брег на Истанбул. Бегалците, претежно Сиријци и Авганистанци, тогаш, наводно исто така се упатиле кон Романија.
Бројот имигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа со ризичните патувања во небезбедни и дотраени бродови крај западниот и јужниот турски брег е драстично зголемен од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година. Десетици илјади луѓе, исто така, се обидуваат преку копно да ја минат турската територија кон Бугарија и кон Грција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.