Регион
Бугарија: ГЕРБ и БСП без договор за формирање на Влада
Бугарските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Социјалистичката партија (БСП) по четиричасовните консултации во понеделникот не успеале да постигнат договор за формирање на новата бугарска Влада, пренесува бугарската агенција „Фокус“.
Претставникот на ГЕРБ, Менда Стојанова соопштила дека двете партии постигнале согласност само по пет прашања – евроатланска ориентација на Бугарија, подобрување на бизнис средината и промоција на инвестиции, влез во Европската банкарска унија, создавањето на единствената Европска енергетски унија, и обновувањето на довербата на ЕК кон Бугарија.
Стојанова истакнала дека со БСП не постигнале договор по осум прашања, меѓу кои и рамното оданочување, а имале и разлики во однос на секторот енергетика, изразени во цената на струјата и нуклеарната централа „Белене“. Двете партии имале сериозни разлики во однос на безбедноста, односно за промените кои треба да се направат и структурата, потоа за активностите и надлежностите на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) и за Главната дирекција за борба против организираниот криминал (ГДБОП), за која од ГЕРБ инсистира дека треба да премине во Министерството за внатрешни работи.
Меѓу двете партии немало договор и околу начинот за правење на реформи во образованието, здравството и пензискиот систем.
БСП застанале цврсто зад своите 12 црвени линии поставени во предизборната платформа на партијата, додавајќи дека во овој момент не гледаат дека со ГЕРБ може да има основа за формирање на влада. Од БСП исто така порачале дека дури и во опозиција, во Парламентот ќе ја поддржат ГЕРБ по оние прашања за кои имаат согласност и нема да се однесуваат деструктивно./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.