Регион
Бугарија и Романија погодени од силни снежни бур
Снежните бури и силни ветрови ја парализираат Романија, како и северните и централните региони на Бугарија, соопштија во неделата властите на двете земји.
Во бугарската престолнина Софија паднале 40 до 50 сантиметри снег, а слично е и во Ловеч и Велико Трново во централна Бугарија. Железничкиот сообраќај многу е отежнат на северот и во централниот дел од земјата, а патниците од источниот црноморски пристанишен град Варна за Софија морале повеќе од два часа да чекаат да се исчистат пругите и да се оспособат за сообраќај.
Снежните врнежи ги следи силниот ветер, а температурите во следните денови се очекува да паднат на минус 17 Целзиусови степени.
Планинскиот венец Родопи, во јужна Бугарија, погоден е од силни дождови кои предизвикаа поплави и одрони, па во областа на Смолјан е прогласена вонредна состојба. Премините на преку планинскиот синџир Стара Планина и Балкан се затворени поради снегот чијашто височина во моментов е еден метар.
За само 12 часа во Романија наврнало половина метар снег, поради што е отежнат или прекинат железничкиот сообраќај, а во главниот град Букурешт и во блиските општини училиштата ќе останат затворени. Десетици села на југот од Романија останале без електрична енергија.
Затворени се и пристаништата на Црното Море, вклучително и главното пристаниште Констанца, а повеќе десетици патни правци се затворени за сообраќај. Засега нема информации за жртви од временските прилики, но романските власти ги мобилизираа сите служби за вонредни состојби, вклучително и 6.000 полицајци, жандари и пожарникари кои се упатени на расни интервенции ширум земјата.
Според прогнозите, снегот нема да престане да падне пред понеделникот, а температурите може да паднат до минус 18 Целзиусови степени./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.